Девет лица, меѓу кои тројца војници, се убиени во екстремистички напад врз приморски хотел во сомалискиот главен град Могадишу, соопшти денеска сомалиската полиција.
Полицијата соопшти дека во повеќечасовниот напад што започна синоќа и заврши рано утринава се повредени 10 лица, додека 84 лица се спасени, објавија западните медиуми.
Одговорноста за нападот ја презеде огранокот на Ал Каеда во Источна Африка, Ал Шабаб.
Тие и претходно напаѓале хотели и други популарни локации во Могадишу, обично почнувајќи со самоубиствени бомбашки напади.
Сведоците за Асошиејтед прес изјавија дека некои луѓе се заробени во хотелот „Перл Бич“, недалеку од турската амбасада во Сомалија, во кој престојуваат и државни службеници.
Плажата Лидо, каде што се наоѓа хотелот, е една од најпопуларните во Могадишу.