ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: „Чернодрински“ е едно од најсилните оружја со кое успешно ја чуваме и развиваме македонската уметност

June 10, 2023 14:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Поздравното обраќање на отворањето на 57. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која од оправдани причини не можеше да присуствува на отворањето,  го прочита уметничката директорка на фестивалот, Ана Стојаноска.

„Годинава сите се враќаме дома, во градот – театар. И, секогаш е пријатно кога сме свои на своето. Прилеп, македонскиот театарски центар и годинава ни ја покажува моќта на раскажување приказни преку театарската уметност. Имаме сериозен фестивалски концепт со исклучителни драмски автори, режисери и актери кои ќе нè одведат на патување низ времето и просторот“, вели Костадиновска-Стојчевска. Таа истакнува дека фестивалот „Чернодрински“ e вистинска прослава на уметноста, каде на едно место се собираат врвни театарски професионалци кои преку благородна форма на сценската игра, пред публиката ги актуелизираат животни прашања кои се околу нас.

„Фестивалот со гордост го носи името на основоположникот на македонската драма, познатиот драмски автор, актер и режисер Чернодрински, и е вистински симбол на традицијата во развојот на македонската култура и белег на препознатливост за нашите творци“, додава Костадиновска-Стојчевска.

Таа во своето обраќање го истакна и значењето на националната драматургија и националниот театар кои како што вели, играат клучна улога во чувањето и промовирањето на македонскиот јазик, на македонското творештво и на културното наследство.

„Овде на Чернодрински, преку вашето творештво вие го развивате уметничкиот талент на нашата мајковина и татковина. Отворате социјален дијалог и ја кревате свеста за важни прашања од нашето заеднички битисување“, додава Костадиновска-Стојчевска.

Таа спомена дека заради македонското творештво, Министерството за култура, во соработка со Фестивалот „Војдан Чернодрински“, со цел збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори, отвори посебен конкурс за избор на три необјавени и непоставени македонски драмски текстови.

„Нашиот Чернодрински, пред повеќе од еден век, ја застапувал тезата дека театарот треба да биде оружје. Има ли посилно оружје од театарот? Од уметноста. Од културата. Фестивалот Чернодрински е едно од најсилните оружја со кое успешно ја чуваме и развиваме македонската уметност“, додаде таа.

Министерката за култура упати честитки до селекторката на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, Ана Стојаноска, и до целиот фестивалски тим, кои, како што нагласи, со своите многубројни идеи, посветеност, ентузијазам и визии за развој на оваа многу значајна театарска манифестација воведоа неколку новитети. Таа им честита и на лауреатите на фестивалот, добитници на наградата за животно дело, доајените на македонската култура, Петар Темелковски и Петар Мирчевски.

Фестивалот започна со претставата „„Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски, во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. Во рамките на Фестивалот, во градската библиотека „Борка Талески“ беше отворена изложба со ретка и роднокрајна збирка во чест на авторот во фокусот, Коле Чашуле.

Под мотото „Враќање дома“ најреномираниот и најстар национален фестивал на театарската уметност до 16 јуни ќе понуди богата програма.

Tags: МТФ „Војдан Чернодрински”
Next Post
Потпишување на свечениот документ по повод три децении партнерство меѓу нашата армија и Националната гарда на Вермонт, во Вермонт, САД, јуни 2023 (фото извор: МО)

(ВИДЕО) Петровска од Вермонт: Пред три децении, нас нè зближија нашата визија за единство и соработка, како и нашите заеднички вредности

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk