Првото Европско кошаркарско првенство за средни училишта се одржува во Скопје од 11 до 17 јуни во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и под покровителство на Агенцијата за млади и спорт.
На овој голем спортски настан ќе учествуваат околу 200 ученици спортисти од шест држави – Франција, Чешка, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од домаќинот Северна Македонија, со 11 екипи во женска и во машка конкуреција.
Агенцијата за млади и спорт (АМС) денеска на прес-конференција ќе соопшти повеќе информации за првенството. На прес-конференцијате ќе се обратат директорот на АМС, Наумче Мојсоски и претседателот на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, проф. д-р Александар Туфекчиевски.