Верона синоќа ја совлада Специја со 3:1 во мечот за опстанок во Серија А следната сезона.
Головите за Верона ги постигнаа Марко Фараони и Сирил Нгонге (два). За Специја погоди Итан Ампаду, а М’Бала Нзола промаши пенал.
Верона од 68 минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Фараони.
Покрај Верона, место во Серија А изборија и Фросиноне, Џенова и Каљари.
Специја ќе ја напушти првата дивизија, заедно со Сампдорија и Кремонезе.