ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пирц Мусар: И Словенија на патот кон ЕУ мораше да го смени Уставот, се надевам дека ќе покажeтe мудрост

June 13, 2023 12:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар денеска во Скопје изрази надеж дека политичарите во Северна Македонија ќе покажат мудрост и ќе ги спроведат уставните измени, кои се услов за одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ и отворање на кластерите во преговорите. Таа на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски истакна дека патот кон ЕУ не е лесен, дека Словенија веќе се соочила со тие процеси и оти на тој пат и оваа држава морала да го смени Уставот, за што тогаш имало жестоки политички дебати во словенечкото општество.

-Да потенцирам Словенија го помина тој процес и не ни беше лесно. Дозволете ми да потенцирам и дека Словенија мораше да го смени Уставот и тогаш во мојата татковина се слушаше како тоа не е добро за словенечкиот народ, како ќе се изгуби словенечкиот јазик. Го променивме Уставот во член кој дозволуваше странците да купуваат и поседуваат имот. Имаше политички расправи и дебати, имаше жешки расправи од тој аспект, но успеавме во тоа, бидејќи словенечката политика беше свесна дека треба да бидеме единствени кога треба да реализираме европски проекти. Се надевам дека политичарите ќе сфатат колку е битно единството и размислувањето дека треба да се оди пет/шест чекори напред и да се сфати што е добро за македонскиот народ. Јас искрено се надевам дека ќе покажете доволно политичка мудрост и ќе го смените Уставот, порача Пирц Мусар.

Таа нагласи дека тука се и обврските кои ги има ЕУ кон Северна Македонија и дека Унијата исто така треба да го заврши својот дел од работата и да и помогне на Северна Македонија во тој процес.

Словенечката претседателка нагласи оти верува и знае дека Северна Македонија има потенцијал да влезе во Унијата. Таа додаде дека новонастанатите геополитички околности и приближувањето на Украина и Молдавија кон ЕУ нема да влијание врз тоа евентуално Северна Македонија да остане во втор план во однос на евроинтеграциите.

-Што се однесува до пристапувањето на Украина и Молдавија секоја земја има има право да изрази желба и да се приклучи кон ЕУ, но како претседателка на Словенија ви гарантирам дека Северна Македонија нема да исчезне од дебатите, секогаш ќе биде во центарот на нашето внимание во однос на приближувањето. Словенија секогаш ќе биде ваш поддржувач и секогаш ќе ви помага, нагласи Пирц Мусар.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МакедонијаПирц МусарСловенија

НАЈНОВО

Сиљановска го објави името – Трајко Славески за нов гувернер на Народна банка

May 21, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во мегаоперација на СПАК и италијанската анти-мафија уапсени 52 лица; Бериша се жали во САД за поразот на изборите; Албанија го отвора третото поглавје; И по 19 обид не успеа конституирањето на косовското собрание

May 21, 2025

Поранешниот советник на Виктор Јанукович, адвокатот Андриј Портнов, убиен на среде улица во Мадрид

May 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари се поблиску до ДУИ, но и до СДСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: За час и половина ќе се стигнува до Солун, брзата пруга станува реален проект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Притворената српска активистка Марија Васиќ се врати дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk