ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Алиу: Клучните зборови на 100-дневниот биланс на МИОА се: дигитализација, реформи во администрацијата и слобода на медиумите

June 14, 2023 12:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
,,Во овие 100 дена успеавме да ја презентираме најновата иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација, а тоа е „DigitalEra”-програма која драстично го промени  начинот на којшто граѓаните пристапуваат до јавните услуги. Со обезбедување на побрзи електронски услуги и зголемување на институционалната транспарентност, го намаливме времето потребно за граѓаните да ги добијат основните услуги. Понатаму, ги поставивме приоритетите во однос на потребите на нашите граѓани со попреченост, обезбедувајќи подобрен пристап до дигиталната инфраструктура и приоритет во услугите на административните шалтери. Преку оваа иницијатива имаме за цел да ја поедноставиме соработката меѓу институциите и граѓаните, промовирајќи ја инклузивноста и ефикасноста во работењето”.

Ова меѓу другото го истакна министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, на денешната прес-конференција на која го презентираше сработеното во изминатите 100 дена.

Посочи дека активно се работи на основањето на Дигиталната Агенција која ќе се фокусира на дигитална инклузија, дигитални јавни услуги со што ќе се подобри економијата на земјата, транспарентноста и отчетноста на институциите. Активно се развиваат стратешки документи со единствена цел, да бидеме во чекор со дигиталната стратегија на ЕУ „Дигитален Компас”.

Процесот на изработка на Стратегиите за ИКТ и Сајбер безбедност, се одвиваат со забрзана динамика. Во изминатите 100 дена: ,,сведоци сме на извонредното проширување на дигиталните услуги на националната платформа, со ветувањето за дигитализација на повеќе од 150 нови електронски услуги до крајот на годината. Овој напредок осигурува граѓаните да имаат лесен пристап до услугите без непотребни доцнења или потреба да се движат низ тешките бирократски процеси”, рече министерот, додавајќи дека Националниот портал сега на граѓаните ќе им нуди електронски услуги и на албански јазик. Друг проект што го посочи е создавањето на „Една точка за услуги” на 333 локации низ државата во соработка со Пошта на Северна Македонија. „Една точка за услуги” веќе почна да го трансформира начинот на кој граѓаните содејствуваат со владата, обезбедувајќи поефикасни и подостапни услуги во пет градови – Скопје, Куманово, Битола, Тетово и Охрид.

Во однос на реформите во јавната администрација, истакна дека финализирана е новата Стратегија за РЈА (2023-2030); Во согласност со нашиот стратешки приоритет за членство во ЕУ, овој сеопфатен осумгодишен документ е дизајниран да ја води нашата земја кон членство во Европската Унија до 2030 година; потоа финализирани се Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници кои веќе се во владина процедура; исто така активно се работи на процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната администрација, агенциите и инспекциските служби.

Истакнувајќи ја длабоката посветеност за слободни медиуми кои му служат на највисокиот јавен интерес, министерот истакна дека новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веќе е во собраниска процедура и се очекува брзо да се изгласа, наскоро ќе се заврши и вториот дел од законот, а наскоро работната група ќе почне да работи и на Законот за медиуми: ,,Како резултат на тоа ќе ја промовираме транспарентноста, ќе ја заштитиме слободата на изразување и ќе го поттикнеме одговорното новинарство за зајакнување на темелите на едно демократско општество”, рече министерот Алиу.

Tags: АлиуМИОА
Next Post

Наставникот Бојан од Чашка, сопственик на расадник за цвеќиња, советува на што треба да се обрне внимание при купување цвеќе

НАЈНОВО

Со мурал и нови содржини почнува прославата за 40 години од „Бушава азбука“

August 27, 2025

Ламборџини го претстави новиот Феномено, својот најекстремен модел до сега

August 27, 2025

Повеќе превезена стока во товарниот патен превоз, помалку во воздухопловниот

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk