ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска до младите: Вие сте нашата иднина, бидете активни и вклучени во гео-политичкиот дијалог

June 14, 2023 19:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерка за одбрана, Славјанка Петровска, денеска во Брисел непосредно пред почетокот на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, се сретна со група на студенти од Северна Македонија кои како прво наградени од конкурсот за есеи престојуваат во студиска посета на седиштето на Алијансата.

На средбата, министерката Петровска порача дека младите се двигател на секое општество и повика на нивно активно учество во општествената дискусија и во Северна Македонија и на ниво на Алијансата на теми кои се од исклучително значење денеска – зацврстувањето на безбедноста, гарантирањето на сигурноста за секој граѓанин, одржувањето на демократијата и демократските вредности.

„Она што ние сакаме да го постигнеме со вас, младите од нашата држава е не само анимирање и свесност за тоа што значи НАТО и кои се обврските кои произлегуваат од членството, туку да помогнеме вие да се вклучите во дијалогот за она што денеска е реалност на континентот и за влијанието на гео-политичките случувања врз безбедноста на секоја земја“, рече министерката.

Петровска изрази задоволство што студентите како автори на најдоброрангираните есеи на Конкурсот кој го организираше Министерството, на тема „Северна Македонија и НАТО во 2030-та“ покажаа дека размислуваат аналитички, дека се запознаени со новите глобални текови и дека имаат и интерес и желба да бидат лидери кои заедно со младите на светско ниво ќе работат за една попросперитетна иднина.

Студентите од Северна Македонија во рамките на тродневната посетата на седиштето на НАТО во Брисел освен со министерката Петровска, денеска имаа средба и со амбасадорот на нашата држава во НАТО, Дане Талески, со помошничката на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Баиба Браже, како и со неколку програмски директори и политички офицери во Алијансата. Исто така имаа можност во живо да присуствуваат на прес конференција на Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Министерството кое воедно беше и организатор на настанот има за цел ваквата пракса да продолжи во иднина.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Не треба да дебатираме дали постои македонскиот јазик. Го зборуваме, го предаваат на нашите универзитети, се пишуваат деловни договори на македонски јазик, рече амбасадорот на Велика Британија, Метју Лосон, на вечерашното одбележување на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети во Скопје/Фото: МИА

Лосон: Нема потреба да дебатираме дали постои македонскиот јазик

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk