ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Србија објавена книга со три драми на Томислав Османли

June 14, 2023 08:10
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Новосадски „Прометеј“ деновиве објави книга со три драми на македонскиот писател и драмски автор Томислав Османли. Книгата го носи насловот „Пат за рајот“ и ги вклучува драмите „Пат за Парамарибо“, „Двајца во Еден“ и „Апокалиптична комедија“. Преводот од македонски го направи српскиот писател и преведувач Александар Турунџиќ.

Текстовите претходно беа објавени во нашава земја, во три различни, двојазични изданија, на македонски и на англиски јазик. Додека првите два текста беа поставени во земјава, вториот и во странство, во Соединетите држави, завршниот драмски текст „Апокалиптична комедија“ беше објавен во Хрватска како и, во посебна книга, во Грција. Станува збор за текстови кои ја третираат положбата на поединецот во турбулентни времиња и сите носат ангажиран пристап по кој Османли е познат и во неговото прозно творештво. Трите драми од нивата објава „Пат во рајот“ добиваа највисоки оцени од критиката и дома како и во странство, а сега им се претставуваат на љубителите на драмскиот збор во Србија.

-Определувајќи се за оваа книга на познатиот современ македонски писател Томислав Османли, автор на драми и сценарија, уредникот на ‘Прометеј’ Зоран Колунџија сака македонската култура и литература да ја направ попристапна и повидлива за пошироката публика во Србија, се вели во изјавата на новосадското книгоиздателство.

Ова е шеста објава на македонскиот автор во Србија каде до сега се објавени неговите романи „Дваесет и првиот“ во издание на „Дерета“, „Зад аголот“ публикуван од издавачката куќа „Албатрос плус“, двете од Белград, додека новосадска „Агора“ минатата година го објави дистопискиот роман „Бродот. Конзархија“. Новосадското книгоиздателство „Прометеј“ пред најновава, претходно публикуваше уште две книги на македонскиот писател, прозните збирки „Каприча“ во 2019 и „Светилка за Ханука“ во 2021 година.

Книгата „Пат за рајот“ читателите во Србија ќе имаат можност да ја најдат во најголемите книжарски системи на Србија, како во дистрибутивните компании „Макарт“, „Круг комерц“, , како и во книжарниците синџири „Делфи“ и „Вулкан“ со над триесет книжарници ширум соседната земја, но и во помалите книжарници со кои соработува одделот за дистрибуција и продажба на книгоиздателството „Прометеј“. Книгата драмски текстови „Пат во рајот“ е помогната од фондот за поддршка на македонски објави во странство на нашето Министерство за култура.

Tags: СрбијаТомислав Османли
Next Post

Костадинов: Може да се надмудруваме за политики и идеи, но неприфатливо е да ја разнебитуваме државата

НАЈНОВО

Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

(ВИДЕО) Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ

November 1, 2025

Зеленски: Продолжуваме да ги уништуваме окупаторите, а најважно е да ги спречиме руските напади каде што е можно

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk