ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Волстрит џурнал: Полска ја блокира кандидатурата на данската премиерка за функцијата генерален секретар на НАТО

June 14, 2023 13:02
in ДЕНЕС, СВЕТ
Reuters

Reuters

Полска ќе се спротивстави на именувањето на данската премиерка Мете Фредериксен за нов генерален секретар на НАТО, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на свои европски извори.

Според овие извори, Варшава смета дека изборот на Фредериксен не е во согласност со потребите на Алијансата во контекст на руската инвазија на Украина. Тоа значи дека таа нема да има шанса, бидејќи изборот на генерален секретар на НАТО се врши со консензус.

Полската страна инсистира дека новиот генерален секретар треба да дојде од земја на источното крило на НАТО, по можност од поранешна република на СССР, што би испратило сигнал до Москва. Во таа насока, некои предлагаат кандидатура на естонската премиерка Каја Калас.

Покрај тоа, Варшава, исто така, изразува сомневање дали Данска ги исполнува критериумите на Алијансата за трошоците за одбраната.

Во мај, властите на кралството ветија дека ќе инвестираат повеќе од 20 милијарди долари во националната одбрана во следната деценија, што треба да и овозможи на земјата да ги достигне потребните два отсто од БДП наменети за одбрана, согласно барањата на НАТО.

Tags: генерален секретарНАТОПолска
Next Post
Photo: Carlos Luna

Мексико: Градоначалничката на Тихуана се пресели во воена база по добиени смртни закани

НАЈНОВО

Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Талибанците бараат странска помош откако смртоносниот земјотрес во Авганистан однесе повеќе од 900 жртви

September 2, 2025

Белгија ќе ја признае Палестина на седницата на ОН и ќе воведе санкции против Израел

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk