Првичните исклучително позитивни бројки од првиот квартал, на македонскиот туризам му остави широк простор за уште поамбициозни проекции за следниот период од годинава, па дури и надминување на резултатите од 2019 година. Ќе има зголемен број туристи од Полска, Хрватска, Србија, Романија и Словенија, а со тоа ќе биде надминат „минусот“ гости од Бугарија, Албанија и од Косово.
„Поради специфичните политички односи помеѓу двете земји ќе недостасуваат посетители од Бугарија, а ќе има и намалување на албанските и косовските туристи кои патуваат во други дестинации, бидејќи последните две години поради пандемијата максимално беа насочени кон нашите туристички места“, вели за „Локално“, директорот на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот во РСМ, Љупчо Јаневски.
Новите гости ќе го амортизираат „минусот“, а веќе се прави и стратегија за привлекување на кинеските туристи.
„Во рамките на Отворен Балкан се очекува поголем број на авионски линии од Кина со Белград и Тирана што индирекно ќе овозможи шанса за македонскиот туристички сектор и вклучување на нашата земја во кружните патувања на кинеските туристи на неколку денови“, посочува Јаневски.
Според него, Агенцијата веќе побарала подршка од Владата во насока на побрзо аплицирање и добивање на виза за овие туристи. Во меѓувреме, статистичките податоци се повеќе од оптимистични, а тие покажуваат дека во првиот квартал на 2023 година туризмот во македонската економија влеал 93 милиони долари, а очекувањата се дека на годишно ниво оваа индустрија ќе регистрира промет од 530 милиони долари.
Целото интервју на следниот линк!