ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Георгиев: Ги охрабрувам и повикувам судиите слободно да пријават влијанија и притисоци

June 15, 2023 14:00
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Ги охрабрувам и повикувам судиите, кои што биле анкетирани, при што констатирале или пријавиле анонимно дека имале влијанија и притисоци од претседатели на судови и од членови на Судскиот совет, слободно нека пријават, изјави претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев.

Во однос на анкетата на ОБСЕ и ДКСК за Проценката на ризиците од корупција во правосудството, Георгиев посочи дека тоа била анонимна анкета за периодот на 2022 година.

– Само ќе потенцирам, како порака до колегите судии. Ги охрабрувам дека таквата состојба, е алармантна се согласувам и доколку ја чувствуваат таквата состојба, слободно, тоа се судии кои што знаат како, дали до Советот, или ако немаат целосна доверба во Советот, има институции, Обвинителство, слободно нека пријават, а ние сме тука да се носиме со таквите проблеми, порача Георгиев.

Георгиев посочи дека во овој случај се доведува во прашање самиот интегритет на судиите, во состојба кога тие пријавуваат во анонимни анкети некакви вакви аномалии, а од друга страна да не ги истакнат таквите аномалии.

– Апсолутно ги охрабрувам и поттикнувам, слободно нека пријават. Конкретно со име и со презиме. Значи треба да го кажат тоа, а не вака анонимно. Треба точно да се знае кој со име и презиме, изјави Георгиев.

Зборуваме за период, подвлече Георгиев, кога и тој бил само член на Судскиот совет.

Прашан за Комисијата која постапува по работењето на предметот „Таргет-Тврдина“, Георгиев рече дека откако тој е претседател на Советот, гарантира дека сите комисии се формирани и се постапува редоследно, но дека не може да гарантира за некои претходно како работел.

– Во секој случај, одговор на прашањето е дека се формирани комисии и дека по комисиите се постапува. Можеби треба да го прашате претседателот на комисијата, колегата Ханиф Зендели до каде е. Во истата Комисија, тоа можам да го кажам, има сега состојба, каде откако е формирана Комисијата нејзин член бара изземање и тоа е за 29 јуни сега, што треба да дискутираме, изјави Георгиев.

Tags: Георгиевсудиисудски совет
Next Post

Се намалува рокот за намирување на обврските на јавниот сектор кон приватните компании на 30 дена

НАЈНОВО

Белата куќа отвори официјален ТикТок профил во пресрет на можната забрана

August 20, 2025

Студија: Отпорноста на антибиотици предизвикува десетици илјади смртни случаи во Германија

August 20, 2025
Генерирано со ВИ

Маск се откажува од плановите за нова политичка партија

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk