ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска на средба со министрите за одбрана на САД – Јадранската повелба

June 15, 2023 15:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска, во делегацијата на Северна Македонија во НАТО, имаше работен ручек со своите колеги – министрите за одбрана на земјите-членки на САД – Јадранската Повелба од регионот, како и со Селесте Валандер, помошник секретар за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања, како претставник на САД.

Средбата ја отвори Петровска која порача дека Северна Македонија, како НАТО сојузник и претседавач со А5 во 2023 година иницираше заеднички проект кој предвидува заедничка поддршка на НАТО мисијата во Ирак, со организирање на обука која ќе се фокусира на Програмата за развој на одбранбената едукација, односно DEEP програмата за Ирачката воена академија.

-Минатите неколку месеци бевме фокусирани на ревитализацијата на оваа регионална иницијатива. Со поддршката за DEEP програмата во НАТО мисијата во Ирак која има за цел да го развие военото образование и да промовира соработка помеѓу партнерите, ние на ефикасен начин промовираме размена на знаења, искуства и научени лекции, рече министерката.

Заедничкото учество во овој проект, потенцираше Петровска, ќе ја засили регионалната безбедносна соработка и ќе ја демонстрира нашата заедничка посветеност кон зацврстувањето на партнерствата и развојот на колективната безбедносна архитектура.

На работниот ручек иницијативата на Северна Македонија доби поддршка од сите земји членки на САД – Јадранската повелба. Министрите заклучија дека поддршката за DEEP програмата во мисијата на НАТО во Ирак со реализација на ваков тип на обука изведена од експерти од А-5 земјите е одлична можност за интензивирање на активностите во рамките на оваа иницијатива и поддршка во напорите на НАТО за развој на военото образование во Ирак.

Tags: а5одбранаПетровска
Next Post

Модриќ: Освојувањето на првиот трофеј во историјата на хрватската репрезентација ќе биде остварување на сонот

Shortcut

Најново

Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk