Половина час – толку е предвидена да трае расправата за резолуцијата за пристапувањето на Македонија во ЕУ во германскиот Бундестаг. Расправата треба да започне денеска во 21,05 часот и да заврши во 21.35 часот. Таа е дел од расправата на германскиот парламент за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
Резолуцијата за Македонија е на три страници густ текст и плус 13 препораки до владата што треба да направи да го овозможи побрзиот развој на пристапувањето на нашата земја кон ЕУ.
Уште на почетокот на резолуцијата се наведува: „Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската нија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство. Јазичната различност се практикува во повеќејазичноста во програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа различност. Европската унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи“.
Целиот текст на лседниот линк!