ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Бундестагот даде недвосмислена поддршка за нашето членство во ЕУ со заштитен јазик, идентитет и култура

June 16, 2023 15:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за Канал 5, ја поздрави одлуката на германскиот парламент, кој усвои резолуција со која ги потврдува македонската култура, јазик, идентитет. За премиерот Ковачевски, оваа одлука на Бундестагот е потврда на недвосмислената поддршка на Северна Македонија за зачленување во ЕУ со својот идентитет, јазик, култура и историја како дел од вкупниот мозаик на европската култура.

„Ова е апсолутно голема одлука на Бундестагот во Германија, тоа е одлука која што јас ја најавив прв, меѓутоа не ја посочив државата. Кажав дека една од најголемите држави во ЕУ по сите параметри меѓутоа и една од најголемите држави во светот по сите параметри ќе донесе резолуција во својот парламент за потврда на недвосмислената поддршка на Северна Македонија за зачленување во ЕУ со својот идентитет, јазик, култура и историја како дел од вкупниот мозаик на европската култура. Сум среќен што тоа го направи германскиот Бундестаг”, рече премиерот Ковачевски во интервјуто.

Претседателот на Владата изрази жалење што резолуцијата не доби поддршка од партнерските и сестрински партии на ВМРО–ДПМНЕ.

„Треба да размислат во нашата опозиција дали воопшто се потрудиле да ги презентираат позициите на нашата држава кај своите партнери во Бундестагот или пак можеби правеле нешто спротивно со политичари од сестрински партии од други држави, како што се слушаа гласини, кои што се непотврдени, меѓутоа треба да се каже дали бивши министри за надворешни работи, а сегашни мејнстрим говорници на ВМРО–ДПМНЕ имале дури можеби и спротивен став од тоа што беше донесено во Бундестагот. Меѓутоа, на крајот останува задоволството дека Северна Македонија ја има поддршката на една од најзначајните и најголемите држави во Европа и светот по однос на сите наши идентитетски обележја и зачленувањето во ЕУ. Јас уште еднаш ќе потврдам дека ваква потврда ќе дојде и од друга држава, исто така една од најголемите држави во светот, не е дел од ЕУ, меѓутоа и од други држави дел од ЕУ. Со тоа недвосмислено сите ја покажуваат поддршката за нашата држава во овој геополитички момент и ја потврдуваат вистината за нашата историја, култура и идентитет и со тоа им се потврдува на граѓаните дека ние имаме голем број на пријатели во светот, пред се во Европа кои што се застапуваат за исти вредности за кои се застапуваме и ние”, изјави Ковачевски во интервјуто за Канал 5.

Премиерот за усвоената резолуција упати благодарност до социјалдемократите, либералите во Германија кои што се сестринска партија на ЛДП и партијата на зелените во Германија, кои што се сестринска партија на ДОМ во Република Северна Македонија и се дел од владината коалиција.

Tags: БундестагЕУКовачевскиМакедонија
Next Post

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk