АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од завчера почна санација делницата Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено со ограничување на максимална брзина до 30 километри на час.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.