ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЈО поведе истражна постапка против косовски државјанин во чиј дом во Кондово се пронајдени оружје и муниција

June 19, 2023 12:18
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен државјанин на Косово со престојувалиште во Кондово, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 18 јуни, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, при претрес во објектот во кој престојувал осомничениот, полицијата открила поголемо количество огнено оружје и муниција, вклучувајќи и оружје, муниција и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети.

– Кај него бил пронајден рачен ракетен фрлач „РБР 64mm, M80”, кој преставува бесповлечно противоклопно ракетно средство за еднократна употреба познат како „ЗОЉА” од југословенско производство, како и три рачни бомби, од кои две фрагментирачки рачни бомби од типот „RGD-5” и една дефанзивна рачна бомба од типот “F1” од кинеско или од источноевропско производство, информираат од Обвинителството.

Како што се наведува во соопштението, полициските службеници пронашле и еден пиштол за светлосно звучна сигнализација „BLOW AUTOMATIC F92“ калибар 9 милиметри, еден дел од пиштол – рам од оружје за светлоснo-звучна сигнализација, четири шаржери од кои три со по 30 куршуми, а еден со 20 куршуми со калибар 7,62х39 милиметри, 6 патрони од ловна муниција со калибар 12 милиметри од разни производители, наменета за испалување од ловни огнени оружја, како и уште вкупно 164 куршуми од различен калибар, вклучувајќи и боева муниција, муниција изведена со панцирно пробивни, запалливи и трасирачки проектили и муниција изведена со експандирачки проектили.

Бидејќи постои опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор

Tags: истражна постапкаКондово
Next Post

Црвен крст ги промовираше постигнатите резултати од кампањата „Првата помош спасува живот“

НАЈНОВО

МВР разби криминална група: Уапсени 11 лица за лихварство и перење пари, трага по еден

October 23, 2025
ВИ

ЕБУ и Би-би-си: 45% од одговорите на ВИ-асистентите за вести содржат сериозна грешка

October 23, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Тројца мртви во нов американски напад врз брод со дрога во Пацификот

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk