ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Што мора да направи Финансискиот самит во Париз

Западните земји мора да се приклучат на напорите за трансформирање на мултилатералните финансиски институции, дури и тоа да значи отстапување на дел од нивното сопствено влијание на други кои претходно биле маргинализирани. А оние кои спроведуваат системски реформи мора да се спротивстават на искушението само да ги дотеруваат сегашните договори.

June 19, 2023 17:48
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

СЕБАСТИЈАН ТРЕЈЕР и БЕРТРАНД БАДРЕ / Project Syndicate

Недостатокот на инвестиции за одржлив развој во најсиромашните, најранливите земји во светот претставува едно од глобалните најитни прашања денес, посебно сега кога многу од овие земји имаат проблеми поради долгови, или наскоро ќе имаат. Последиците од пандемијата КОВИД-19, руската војна против Украина и тековните катастрофи предизвикани од климата спречуваат многу економии во развој да постигнат подем и ги влошуваат структурните асиметриите на глобалната економија.

Ова е деценијата кога треба да ги зголемиме инвестициите во одржливиот развој. Во супсахарска Африка, дополнителни два милиони пристојни работни места мора да се креираат секој месец до 2035 година, само за да се биде во чекор со растот на работоспособното население. Сепак, големите сили како САД, Европската унија и Кина обрнуваат малку внимание на ваквите предизвици. Наместо тоа, тие се фокусирани на сопствената технолошка конкуренција, реиндустриализација, декарбонизација и стратешко маневрирање на нулта сума, од кои сите би можеле да ги влошат условите во земјите во развој.

Како што предупредува премиерот на Барбадос, Миа Мотли, Глобалниот југ, вклучувајќи ги и новите економии, останува во критична финансиска состојба, слично на Европа по Втората светска војна. Тогаш, САД се обврзаа на финансирање на реконструкција еднакво на 3% од комбинираните национални приходи на земјите приматели, бидејќи знаеја дека инвестицијата ќе се исплати економски и геополитички. Сега, западните земји кои сè уште доминираат во институциите на Бретон Вудс мора да признаат дека и тие имаат интерес во постигнување на глобални финансиски и институционални трансформативни, не само инкрементални, реформи.

Во спротивно, последиците би биле катастрофални. Сцената би била поставена за ширење на хуманитарни катастрофи во многу делови од светот, еколошки распад и подем на Кина како главна сила зад алтернативниот блок на мултилатерални институции кои постојат за да им служат на сопствените интереси. Ова сценарио на крајот би ги оставило сите во полоша состојба, со поделба и конкуренција помеѓу различните поставувачи на правила и институции кои воведуваат динамика на нулта сума и уништуваат глобални јавни добра.

За да се спречат вакви исходи, западните земји мора да се приклучат на напорите за трансформирање на мултилатералните финансиски институции, дури и тоа да значи отстапување на дел од сопственото влијание на други кои претходно биле маргинализирани. Оние кои спроведуваат системски реформи мора да се спротивстават на искушението само да ги дотеруваат сегашните договори. Целиот разговор за развојот треба да се преформулира за да се земат предвид занемарените прашања како што се инфраструктурата и улогата на приватниот сектор и неговите финансиски текови.

Токму ова има за цел да го направи Самитот во Париз за Нов глобален пакт за финансирање што ќе се одржи на 22 и 23 јуни. Но, колку што е и важен овој собир, толку е и ризичен. Ако единствениот резултат е само празна политичка декларација, поширокиот реформски напор би можел да изгуби кредибилитет. Затоа присутните мора да испорачаат конкретен план кој е амбициозен, но и реален и остварлив.

Самитот ги поставува вистинските прашања и претставува можност за сите да размислуваат имагинативно за нови решенија за денешните невидени предизвици. Дискусијата треба да се фокусира на три временски хоризонти. Првиот е денот на собирот, кога владите мора да се согласат, на пример, за суспензија на обврските за сервисирање на долгови за земји кои се соочуваат со катастрофални климатски случувања – како што беше направено во екот на пандемијата КОВИД-19.

Вториот временски хоризонт се протега во следните 18 месеци, низ останатиот дел од претседателството на Индија со Г7, а потоа и на Бразил. Бидејќи само шест месеци се поминати откако беше најавен самитот во Париз, немаше доволно време да се преговара за финализираните документи во однос на критичните политички прашања.

И покрај тоа, самитот може да создаде поттик за едно такво договарање во месеците што следат додека владите наоѓаат начини како да ги надминат домашните пречки за поцврста акција. На пример, прелиминарен договор за подобрување на ефикасноста со кој мултилатералните развојни банки го распоредуваат постоечкиот капитал би можело да ја отвори вратата за поголеми капитални придонеси од страна на земјите донатори во иднина.

Третиот временски хоризонт ги покрива следните неколку години, кога ќе треба да се спроведат далекусежни реформи во глобалниот финансиски систем. За да се подготви теренот, самитот треба да ги разгледа опциите за мобилизирање на различни видови донатори и користење на нови извори на финансирање, со акцент на создавање нови меѓународни механизми за оданочување.

Ова би помогнало да се прошири дебатата пошироко од официјалните развојни финансии. Не само што сегашниот финансиски систем сè уште ги фаворизира инвестициите со интензивна потрошувачка на јаглерод над одржливите проекти, тој, исто така, фаворизира чиста шпекулација (најчесто за матни финансиски инструменти и недвижен имот) над инвестиции во посиромашните земји.

Препознавајќи колку се длабоки овие проблеми, Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, неодамна предложи сеопфатна програма на мерки за пренасочување на „непродуктивни и ненаградувачки“ финансии и ребалансирање на структурните асиметрии во глобалниот економски систем. Самитот во Париз треба да помогне во лансирањето на оваа дебата за да може да испорача опипливи резултати – вклучувајќи и јавни пари за поддршка на земјите во развој – во месеците и годините што следат.

Ова е моментот да се артикулира реформска агенда која е доволно амбициозна да му даде на Глобалниот југ вистинска надеж за иднината.

Себастијан Трејер е извршен директор на Институтот за одржлив развој и меѓународни односи (IDDRI).

Бертранд Бадре, поранешен директор на Светска банка, е извршен директор и основач на Blue like an Orange Sustainable Capital и автор на Can Finance Save the World? (Berrett-Koehler, 2018).

Превод: Наташа Цветковска


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: What the Paris Finance Summit Must Do. Понатамошно преземање не е дозволено без писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: PROJECT SYNDICATEБертранд БадреСебастијан Трејерфинансиски самит во Париз

НАЈНОВО

Петрит Сарачини

„Новото мизерно“ и „новото (не)нормално“

June 12, 2025

Неверојатната истрајност на животот: Екосистеми на морското дно

June 12, 2025
Скриншот

Најмалку 200 луѓе загинаа во авионската несреќа во Индија

June 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

    Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш и да фрлаш клетви, но ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како да живеам со оваа тишина за Газа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО снимки од авионот на Ер Индија што се урна со повеќе од 240 патници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради пожарот во Вардариште без струја 47.000 корисници во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова за НоваТВ: Поднесов кандидатура во СДСМ за градоначалник на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk