ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

24-то издание на Летниот регионален семинар во Струга за професори по француски јазик

June 22, 2023 11:59
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ

Годинава, Францускиот институт во Скопје го организира 24-то издание на Летниот регионален семинар во Струга, педагошка обука, која повеќе од две децении обединува на едно место професори по француски јазик од повеќе земји во регионот. Семинарот се организира во соработка со француските амбасади и институти од земјите во регионот.

Овогодишната средба и значајна обука ќе се одржи од понеделник 26 до петок 30 јуни 2023 год., а во рамките на својата програма ќе понуди педагошки работилници наменети за професорите од земјава, но и од поширокиот регион (Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Бугарија, Романија, Молдавија, Грузија и Ерменија).

Главни цели на обуката се: истакнување на видливоста на францускиот јазик, зајакнување на неговото место во образовните системи на земјите на учесниците, создавање на вистинска кохезија меѓу учесниците, како и остварување богати меѓусебни размени на професионални искуства меѓу професорите по француски и професорите кои предаваат нејазични дисциплини на француски јазик од Југоисточна Европа. Овогодишното издание на Летниот регионален семинар во Струга ќе го проследат повеќе од стотина учесници.

Обучувачите се експерти од Франција и ќе анимираат работилници на актуелни тематики врзани за наставата на и по француски јазик во рамките на образовниот систем.

Настанот официјално ќе го отворат г-дин Јетон ШАЌИРИ, Министер за образование и наука на Северна Македонија, и г-дин Сирил БОМГАРТНЕР, Амбасадор на Франција, в понеделник, 26 јуни, во 18:30 часот, во хотелот „Дрим” во Струга, во присуство на учесниците, како и бројни соработници и партнери, како Меѓународната организација на Франкофонијата, Регионалниот франкофонски центар КРЕФЕКО, Меѓународната Федерација на професори по француски јазик, Фондацијата Бел Идеал од Париз, центарот КАЗНАВ од Париз, образовниот центар за обука Франкофониа од Ница, издавачката куќа КЛЕ Интернасионал и др.

Работен јазик на семинарот е француски.

Tags: Летен регионален семинарСтругаФранцуски јазик
Next Post
REUTERS/Tingshu Wang

Пеколни жештини во Кина, температурата е над 40 степени за прв пат од 2014 година

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk