РИБАРО
Збунетиот струмички градоначалник Костадин Костадинов, како што дознава АХА, има намера да се кандидира за владика во МПЦ.
„Како е процедурата за станување владика? Каде да поднесам кандидатура? Облекувам мантија, одиме со конкретни чекори!“, рекол Костадинов.
Тој ова го најавил откако претходно како вистински социјалдемократ со десничарски демохристијански убедувања, успеа на клетите невладини организации што се борат за човекови права и родова рамноправност да им стави ништовност и вето на сите меморандуми и дописи што ги потпишал како градоначалник на Струмица.
„Не може бе таму некои невладини организации, да си играат мајтап со мене по социјалните мрежи поради моите тврдокорни вмронски ставови и поддршката што ја давам за трибините и јавната дебата поврзани со законите за родова еднаквост и за матична евиденција, организирани од Струмичката епархија на МПЦ-ОА. Мое социјалдемократско право е да бидам конзерва десничар, што се замислуваат тие“, рекол Костадинов.
Од МПЦ засега без коментар.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK