ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тенкови со чоколадни гасеници 

June 25, 2023 21:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Русија е ништо без идејата за империјата.

Сѐ е подредено на таа идеја.

Луѓето се робови на империјата.

Русија е фарма за производство на перачи на шофершајбната на големата формула на империјата.

Раша Ф1.

На луѓе кои ги оставаат своите животи на стаклото на царството.

Како мушички на ветробранот на москвичите и волгите.

Или на кинжалите.

Роботизирани типови и типки кои утеха за последните остатоци на човечноста бараат во лошиот алкохол.

Вотка од акумулаторска киселина.

Луѓе со пореметена деенка.

Во провинцијата од лошост во олигархиството од вишок.

Таа идеја е единственото врзивно ткиво.

Големината, претставата за славата и моќта.

И ништо друго.

Така вели Путин.

И сите цареви пред него.

Да, и корупцијата како малтер кој ги врзува сите поединечни цигли во општествената и државна зградурина.

Од шумскиот полицаец до вселенскиот инженер и неговото височество царот во изданието на претседател.

Заедно со стравот.

Стравот со кој е натопена руската земја и душите на Русите како последните остатоци на Титаник и Титан.

И преку тоа.

Народот не му ја дава својата доверба на царот, затоа што слободна волја нема, туку го остава царот да си ја земе, а во замена тој му ја гарантира на народот неговата славна империја и сите задоволства што чувството дека си атомче на големото ништо му ги пружа. Тоа е така затоа што потребите на империјата се толкави што на Русинот не му оставаат ништо.

Освен: Боршч, лоша водка и ветерот и маглата на големината.

Тој империјален гоблен почна да се расплетува со руската агресија врз Украина, а со бунтот на Пригожин од таа „Идила“ остана само рамката и по некое чворче околу Кремљ.

Добро, малку претерувам, признавам, но кулата на империјата е погодена не толку со бунтот на Вагнер, колку со апсурдите на своето постоење.

Самата себе се погоди во срцето.

Всушност, со својата невозможност.

Сега сето тоа ќе се крпи со разни глупави соопштенија, со некои смени и апсења, тенковите со чоколадни гасеници ќе се гланцаат и ќе светат, но, дури ниту парада нема да има. Веселото испраќање на единиците на Вагнер од Ростов на Дон е мерка на ситуацијата. Царот е гол. Мора самиот на себе си да си изгледа смешен во огромните кабинети и сали во Кремљ.

Како шатка која се клати и грака удирајќи се во огромните огледала.

Мислејќи дека друга шатка дошла да ѝ го скине вратот.

Специјалната операција, се разбира, може да продолжи, но на сите им е јасно дека тоа специјална операција се претвори во процес за растурање на руската империја.

Луѓето што се разбираат, го знаеја тој потенцијал на агресијата и непоимливото зло што ја следеше таа агресија, од самиот почеток.

Оштетената, да не речам, уништената моќ на центарот, неговата дисквалификација на јавната сцена, внатрешниот бунт кој се решаваше со надворешна интервенција, воената загрозеност на главниот град како и поразите во Украина, тие се всушност во основата на сѐ и тие од Путин направија хендикепирана оска околу која гравитираат дворските елити и поширокиот круг олигархиски тела како мушички околу улична лампа. Хахаха. И бидејќи во хендикепот на Путин гледаат опасност и за себе, ќе се вклучат во битката, не за империја, туку за себе. Всушност, империјата секогаш била платформа на елитата.

Читам мајтапи дека Русите треба да го чуваат Пригожин, демек, да внимаваат каков чај пие и да не се шета покрај некои прозорци над вториот кат.

Убава заебанција.

Вицот е секогаш почетокот на крајот.

Така што хаосот не е решен, туку е отворен.

На долг рок, тој мора да заврши со распад на империјата, но на среден и на покус рок, освен континуитетот на драмата, никој ништо не може да вети. Тоа се разбира може да биде и опасно за светот. Но светот не смее да си дозволи да биде блокиран од внатрешните руски опстојателства.

Тоа е феномен кој заслужил да отиде по ѓаволите.

Најмногу ме нервираат вљубениците во руската култура.

Сѐ што вреди таму има дисидентска нотка.

Тоа треба да го знаете.

На крајот, ме заинтригира светското внимание за здравјето на Пригожин, Путин и Христијан. За Пригожин велат дека е океј, ужива човекот во Белорусија за која му рекле дека е Северна Македонија, за Путин велат дека здравствено е така-така, а за Христијан сите велат дека е у курац. Клучен доказ им е еуфоријата што го зафатила откако некој суд пресудил дека некој претставник на власта го навредил или наклеветил, немам поим, некоја слична куротресина му предизвикал на шпиценкандидатот.

Не знам за вас, драги пријатели, но јас би го уапсил веднаш. Мислам, не Христијан, туку овој од власта што го навредува.

Навистина, не е убаво човекот во кого сите гледаме спас и надеж за Македонија да се навредува и клевети, да му се уништува достоинството, до мерка што, можеби, нема да може да ја освои власта.

А ако тоа се случи, сите сме наебале.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post
Фото: МИА

Граѓаните на Србија досега доброволно предадоа 100.000 парчиња оружје

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ливерпул со спектакуларна победа го отвори првото коло во Премиерлигата

August 15, 2025

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk