ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: На крајот на оваа година Националната развојна стратегија очекуваме да биде изгласана во Собрание

June 26, 2023 14:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи изјави дека само преку инклузивност и активна партиципација, ќе го постигнеме потребниот и посакуваниот консензус за донесување но и за имплементација на целите зацртани со Националната развојна стратегија.

Вицепремиерот Битиќи во неговата изјава за медиумите по завршувањето на состанокот на Управниот одбор за креирање на Националната развојна стратегија, информираше дека пред нешто повеќе од година и половина започна креирањето на долгорочната стратегија за развој преку еден инспиративен и сеопфатен процес, кој има за цел креирање документ кој ќе претставува заедничка визија за развојот на нашата држава и општество во претстојните две декади.

„Националната развојна стратегија ќе ни ја даде потребната јасност и визија за развојните цели и патека на нашата држава. Креирањето на Националната развојна стратегија се заснова на четирикратниот хеликс а тоа е државата, академијата, бизнисот и граѓанскиот сектор. Во управниот одбор но и во сите фази на креирањето и консултирањето за Националната развојна стратегија се вклучени сите. Горд сум што можам да кажам дека ова е веројатно најинклузивниот процес кој сме го имале во нашата држава досега”, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи изрази убеденост дека само вака, преку инклузивност и активна партиципација, ќе го постигнеме потребниот и посакуваниот консензус за донесување но и за имплементација и следење на целите зацртани со Националната развојна стратегија.

„Четирикратниот хеликс, односно државата, академијата, бизнисот и граѓанскиот сектор, треба да го осигура токму тоа. Денеска симболично овој управен одбор го одржавме токму тука, во нашиот законодавен дом, каде се надевам за неколку месеци праттениците ќе ја изгласаат, затоа што наша обврска денес, е да ја планираме и креираме иднината за утре и во годините кои доаѓаат”, изјави Битиќи.

На крајот, вицепремиерот Битиќи информираше дека влегуваме во последната фаза на самото пишување на стратегијата и проценката е дека до крајот на оваа година веќе ќе биде изгласана прво од Владата, па Собранието.

Tags: БитиќиНационална развојна стратегија
Next Post

УО на Националната развојна стратегија проширен со нови членови од бизнис и граѓанскиот сектор

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk