Високи украински функционери во Кијив тврдат дека бунтот во Русија покажува дека Владимир Путин не гарантира стабилност, туку ја зголемува веројатноста руската држава да се распадне.
Михајло Подољак, висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, се спротивстави на идејата дека секој наследник на Путин би можел да биде полош. „Понекогаш може да се слушне мислењето на нашите западни сојузници: каков и да е Путин, тој денес е клучниот гарант за стабилноста во руското „складиште со бурут“. Настаните во изминатите денови ни го докажуваат спротивното“.
Sometimes one can hear an opinion from our Western allies: whatever #Putin may be, today he is the key guarantor of stability in the Russian powder keg. The events of recent days prove us otherwise. Today, #Russia has no control over its internal space. What we have been saying…
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) June 26, 2023
Државната вертикала на Путин е неизлечиво болна, слаба, исплашена и подготвена да направи какви било отстапки за да ги зачува физичкиот живот и материјалните средства. Секоја организирана воена група ќе може да ја преземе контролата без да наиде на отпор… Тоа значи дека колку подолго останува Путин претседател и колку подолго ја продолжува оваа апсолутно катастрофална војна за Русија, толку е поголем ризикот од колапс, внатрешни крвави војни со можни грабежи, вклучително и оружје за масовно уништување, нагласи украинскиот советник.
Тврдењата на Подољак претставуваат критика на ставот искажан од претставници на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден дека Москва би можела да одговори со тактичко нуклеарно оружје доколку украинската контраофанзива оваа година покаже „огромен успех“.
Подољак тврди дека е токму спротивно. Тој сака САД и нивните сојузници да и дадат на Украина „се што и треба“, за да може да го „зададе последниот удар“ врз режимот на Путин. Тие веруваат дека „наследникот“ избран од руската елита ќе ја зголеми стабилноста и ќе доведе до постепена трансформација на Русија во постпутиновата ера.
Г. Т.