Најмодерниот носач на авиони на нуклеарен погон „USS Gerald R. Ford“ утрово вплови во Сплит. Огромниот брод го привлече вниманието на бројни жители на Сплит и туристи, пренесуваат хрватските медиуми.
Посетата на Сплит е потврда за унапредување на односите меѓу САД и Хрватска, бидејќи двете земји работат заедно за стабилен, безбеден и просперитетен регион, соопштија од амбасадата на САД во Хрватска.
Бродот е долг дури 337 метри, може да носи до 75 авиони и над 4.000 членови на екипажот, се напојува од два нуклеарни реактори, што му овозможува да плови со брзина до 56 километри на час, може да плови околу 20 години без полнење гориво, опремен е со двопојасен најнапреден радар, а вреди 13 милијарди долари.
Разурнувачот се упати кон Европа во октомври минатата година, неговата прва мисија, за да се приклучи на вежбите на северноамериканските и европските сојузници.
Минатиот месец тој заплови во Норвешка, во Осло, поради што соседна Русија се налути и го критикуваше чинот како нелогична и штетна демонстрација на сила.
С.К. / Нова ТВ