ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Да прашам?

June 27, 2023 12:20
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Летото и според астрономските правила започна и на овој дел од земјината топка. Ќе трае до септември, така научниците му одредиле. Какво ќе биде допрва ќе почувствуваме. Ако е според најавите ќе биде променливо. Изгледа такво ќе биде и на политичко ниво. Ред соопштенија, па нивно објаснување, па повторно соопштенија. Ќе одмориме малку од експертите што сѐ ни објаснија досега и тоа секоја вечер без разлика на која домашна телевизија да се наоѓаат. До есен можеби малку ќе ни се расчистат мислите, па слободно ќе може да влеземе во периодот кога ќе бидеме изложени на таков притисок од информации и дезинформации што сите ќе бидеме подготвени за зимски сон од кој ќе се будиме само на звукот на кампањите за идните избори.

Ништо ново ниту паметно не е ова, а ниту различно од она што го знаете. Само понекогаш ми се чини дека поимот одговорност ги напуштил овие простори. Некако ми се стегнува стомакот кога видам дека политичари од времето на транзицијата ни прават анализи за моменталнните состојби. Па господо, сѐ оваа е последица на вашите одлуки за разграбување на општественото богатсво и губењето на перспективата на цели генерации кои излезот го бараат или во политичките партии или надвор од татковината. За подобра иднина на сите во целост, во двата случаи резултатот е ист. Објавете барем една ваша политика и програма кој донела крупен исчекор во подобрување на животот на грѓаните, освен ако за граѓани не ги сметате вашите сопартијци или соучесници во целиот овој период. Колку е голем тој дел од граѓаните сосе додадена вредност е резултатот на вашите политики.

Во Европа немало да влеземе! Па сигурно дека е така кога администрацијата, судството и образовниот систем ги наполнивте со свои деца од сите близини и афинитети. Ама и ова сите го знаеме така што и моево пишување е губење на време. Да прашам само дали понекогаш кога сте сами и нешто не ви е по волја и ве притиска – се чувствувате ли барем малку виновни за состојбите кога се запустуваат огништата на многу семејства? Јас само да прашам.

Да прашам и нешто друго. По се изгледа ќе се оддолжи нашиот пат кон Европа и реформите во системот кои можат барем малку да донесат надеж. Опасно е за нашиот идентитет и јазик, нашата историја и гробовите на предците велат противниците на уставните измени. Најопасно е ако победи вашата и нашата себичност кога ги употребуваме овие големи зборови. Од нивната големина не ги гледаме ниту малите проблеми што можат да станат големи.

Затоа би поставил само едно прашање околу оваа расправа за кавгата со Бугарија која го спречува почетокот на реформите како дел од преговорите со ЕУ. Во аргументацијата за нивното тврдење дека сме само дериват од нивната бугарска општост ја употребуваат бројката од стотина илјади наши сограѓани кои изјавиле дека се чувствуваат Бугари. Тоа ќе го користат во целиот процес понатаму кога, ќе им е потребно. Ние велиме дека тоа се пред сѐ фиктивни изјави за да се дојде до бугарски пасош со кој полесно се наоѓа работа во Европа и се осигурува престој. Без разлика што изјавиле пред бугарските органи тие се чувствуваат Македонци. Но мои сограѓани, во европските бирократии не оди така. Изјавата обврзува и таа станува дел од нивниот систем. Можеби ова и до некаде не е многу важно за илјадниците наши граѓани кои се возачи и сезонски работници, ама имаме сѐ повеќе лица кои се отселија во земјите на ЕУ. Тоа не се мои исписници, туку млади луѓе кои оформиле или допрва таму ќе оформат семејства. Тие имаат и свое потомство кое допрва ќе се најде пред дилеми кои ќе мора да ги решава. Тие таму се водат како деца на бугарски државјани. Добар дел имаат и македонско државјанство, ама тоа за државите каде влегле нивните родители со бугарско државјанство не е важно. Тие таму се бугарски државјани.

Е сега да прашам? Ако се заглавиме со разни прашања околу нашиот идентитет и национална гордост, а нашите реформи и членство во ЕУ се одолжат или изгубат, чии државјани ќе се тие деца? Ако останат во тие држави каде сега одат на училиште и ја гледаат својата иднина, зошто ќе им треба македонски пасош ако им го компликува животот? Врската со татковината на нивните предци постепено ќе слабее, а доколку им се пружи можност најверојатно ќе земат државјанство на земјата во која живеат. Системот таму засекогаш ќе ги води запишани дека тие и нивните родители дошле од Република Бугарија. Нема ни помен од северна или било која Македонија. А размислете колкав е нивниот број. Мала весела математика ако дозволувате. Од тие околу сто илјади благонадежни Бугари барем половината се во оваа група за која пишувам. Ако барем половината од нив има потомство и тоа дај боже по две деца, колкав е тој нов број и колкав е количникот ако ги соберете сите претпоставени броеви на наши сограѓани кои се на пат засекогаш во списоците на ЕУ да останат Бугари. Ова само како додаток на расправата за цената која треба да ја платиме како дел од преговорите со Европа. На кој дел од тасот е оваа цена? Вреди ли да се плати со нашата суверенистичка заблуда и историски дилеми? Ќе бидат ли тие лица за кои пишувам дел од нашата вина за идентитетот? Јас само да прашам.

Без пример нема потврда на теоријата. Вчера разговарав со мојот сосед кој се занимава со изработка на полиси за осигурување. Со зачуденост ми објанува дека само за време на викендот издал 24 полиси за осигурување на жители на Злетово. Ретко кој има повеќе од четириесет години ми вели, а сите наскоро заминуваат низ Европа на работа. Најголемиот број се на сезонска работа, ама сите со планови за ако е можно подолг престој или засекогаш. Сите се надеваат дека нема многу да чекаат на можност да си ги остварат плановите со македонски пасош. Ако не успеат тогаш ќе бараат разни агенции за посредување при добивање на бугарски пасош. Само да прашам вели соседот: Ќе остане ли некој во најстарото населено место во Европа? Ќе остане Злетово само најстаро, ама дали ќе биде населено со Македонци не сум сигурен, без да прашам одговорив.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Civil Media

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВОЈО МАНЕВСКИФРОНТ

НАЈНОВО

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk