ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ИО на СДСМ: Дијалогот за уставните измени со ВМРО-ДПМНЕ да продолжи

June 27, 2023 08:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница во проширен состав донесе одлука да продолжи дијалогот со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, заради како што се наведува, постигнување на општествен консензус.

-Оценка на Извршниот одбор е дека дијалогот со опозициската ДПМНЕ за уставните измени треба да продолжи. Кога веќе ДПМНЕ не е против уставните измени, кога се согласи за учество во заедничка влада, нема причина дијалогот да не продолжи и да не започне собраниската процедура. Даваме простор и шанса ДПМНЕ да останат на јавно искажаниот став и да се вклучат во процесот. СДСМ со коалициските партнери ќе направи сѐ, целосно да ја искористиме оваа шанса, земјата да продолжи напред и да ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ, стои во соопштението од СДСМ.

На седницата на владејачката партија се дискутирало и биле донесени и одлуки и заклучоци и за аспектите кои што се отворија во јавноста во врска со Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција при што се потенцира дека станува збор за сосема различни и засебни предлог законски решенија.

-Предлог Законот за матична евиденција Владата го повлече од собраниска процедура во март 2022 година за да се направи дополнителна консултација, за да исполнат очекувањата на целото општеството. Врз основа на ова, Извршниот одбор одлучи дека во ваква форма Законот за матична евиденција не треба да биде донесен и треба да продолжи процесот и вклучување на сите засегнати страни со цел изнаоѓање општо прифатливо решение. СДСМ е партија која гради демократско општество, која силно е посветена на еднаквоста меѓу мажите и жените, која инвестира во меѓусебна толеранција, почитување на човековите права и слободи, стои во соопштението со заклучоците од ИО на партијата.

Во однос на Законот за родова еднаквост донесен е заклучок да продолжат консултациите и да се прошири јавната дебата со вклучување на сите засегнати страни.

-Вредностите на СДСМ како социјалдемократска и граѓански ориентирана партија, почиваат на темелите на еднаквоста, солидарноста и социјалната правда. Консултативниот процес за Законот за родова еднаквост треба да продолжи, да се прошири јавната дебата со сите засегнати страни и чинители, со цел доаѓање до решение во интерес на целото општество, пред законот да влезе во владина и собраниска процедура, стои во соопштението со заклучоците од Извршниот одбор на СДСМ.

Tags: ИО на СДСМуставни измени
Next Post

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk