ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спенсер Бојер: Северна Македонија е прекрасен сојузник во трансатлантската безбедносна врска против руската агресија врз Украина

June 28, 2023 10:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Важно за регионалната и глобална безбедност е Северна Македонија да се фокусира на демократијата и владеење на правото, изјави заменик-помошникот секретар за одбрана на САД за европска и НАТО политика Спенсер Бојер за Гласот на Америка на македонски.

Прашан дали верува дека корупцијата во Северна Македонија е закана за нејзината национална безбедност, Бојер истакна дека ставот на Пентагон е оти владеењето на правото и демократијата се важни за да има силни системи кои ќе бидат отпорни и ќе придонесат и за регионалната и за глобалната безбедност.

– Ќе оставам на моите колеги од Стејт департментот да зборуваат за политиката и политичките напори што ги имаме со Северна Македонија. Она што можам да го кажам од страната на Одделот за одбрана е дека го гледаме нашиот однос како расте и како вистинска основа за севкупните билатерални односи. Се разбира, ние се грижиме за демократијата и владеењето на правото во целина за сите наши сојузници и партнери. Сметаме дека фокусирањето на тие работи и постоењето силни демократии се важни за да се има силни системи за да бидат отпорни, да придонесат пошироко за регионалната и глобалната безбедност. Така што тоа е секогаш важно, вели Бојер.

Според него, членството на Северна Македонија во Европската Унија е важно за безбедноста и стабилноста пошироко. САД ја поддржува евроинтеграцијата на земјата, но, вели, за темпото на пристапување одлучува ЕУ.

– Нема да навлегувам во спецификите на односот меѓу Бугарија и Северна Македонија за конкретни политички прашања. Тоа ќе го оставам на другите да го направат, но она што би го кажал за Европската Унија и аспирацијата на Северна Македонија да стане членка, е нешто што ние целосно го поддржуваме. Се разбира, зависи од Европската Унија да донесе сопствена одлука за членството, но ние го гледаме процесот на придвижување кон членство во ЕУ, пошироката евроатлантска интеграција, да се надгради на влезот на Северна Македонија во НАТО во 2020 година, како важно, нагласи Бојер.

За тоа дали можното натамошно одложување на пристапниот процес од една страна, и тензиите меѓу Косово и Србија од друга страна, треба да бидат аларм за ЕУ, со оглед на ризик од натамошна ескалација, Бојер вели дека „секогаш постои шанса нешто што е во одредена област да се прошири, и ние внимаваме на тоа и правиме сè што можеме како земја, и работиме со Северна Македонија и другите, да се обидеме да осигураме да го стабилизираме регионот“.

Тој истакна дека САД го ценат „она што го направи Северна Македонија во однос на придонесот со војници во мисијата на НАТО во Косово, од која САД се дел со децении“.

САД и Северна Македонија минатиот месец потпишаа десетгодишен план за соработка во одбраната, кој ги постави целите за двете држави да работат заедно на решавање на заедничките одбранбени предизвици.

Бојер вели дека овој патоказ предвидува билатерална и регионална соработка и политика, модернизација на одбраната, соработка во однос на сајбернападите и справување со дезинформациите.

Тој ја пофали и помошта и поддршката што Северна Макеоднија и ја дава на Украина.

– Го цениме она што го прави Северна Македонија за регионалната безбедност, за европската безбедност. Таа е прекрасен сојузник во однос на нашата трансатлантска безбедносна врска и навистина ни помага да возвратиме против руската агресија и ја поддржува Украина во многу важен момент. Затоа што она што се случува во Украина сега не е важно само за Европа и за трансатлантската заедница, туку и за глобалната заедница, рече заменик-помошникот секретар за одбрана на САД за европска и НАТО политика Спенсер Бојер.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: НАТОСАДСпенсер Бојер

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk