– Денеска, на овој важен ден за мене, изјавувам дека сум горд за она што го постигнавме. За излезот од меморандумите и подмирувањето на долгот. За излечените рани на општеството и економијата. За вратениот меѓународен имиџ на Грција. И секако за историскиот Договор од Преспа, порача Ципрас.
Соопштувајќи го повлекувањето од лидерската позиција во партијата го повтори она што го кажа во неделата по изборите дека се затвори еден историски циклус за СИРИЗА, но и дека е време да се отвори нов, следен циклус, а „почеток може и треба да биде негативниот изборен резултат“. – Постојат одредени моменти кога си повикан да донесеш критични одлуки, кога си повикан да застанеш пред историјата, пред оние со кои чекореше заедно, пред оние кои ти веруваа и те поддржаа, пред себеси, истакна Ципрас во емотивната изјава со која ја соопшти својата одлука и со која најави дека останува во редовите на партијата за се ресоздаде една нова СИРИЗА, која ќе може отворени очи да ги чита новите контрасти и новите струи на општеството, новите предизвици на времето и да одговара на очекувањата на оние што ги сака и ги избрала да претставува.
Извор: Рацин.мк