ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фила: Не смее да се дозволи СПС да се „слее“ во движењето на Вучиќ

June 29, 2023 14:02
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Функционерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Тома Фила изјави дека без социјалистите нема да има таканаречено Народно движење за државата што планира да го формира претседателот Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Фила за агенцијата Бета изјави дека не смее да се дозволи СПС да се „слее“ во движењето на Вучиќ.

– Во моментов никој жив не знае за какво движење се работи. Ние во СПС сакаме нашата партија да се одржи, да не го изгуби идентитетот и да не се слее во тоа движење, како што некогаш имавме лошо искуство со Југословенската левица (ЈУЛ), рече Фила.

Прво треба да видиме и да слушнеме, додаде тој, за какво движење се работи, „па потоа ќе донесеме одлука на главниот одбор на партијата“.

– Нема да има отстапување од зачувување на партискиот идентитет и ќе бидам против секакво утопување во движењето на Вучиќ. Без наше учество тоа движење е бесмислено. За да Народното движење за државата има смисла, треба во него да бидат СНС, СПС и независните интелектуалци, рече Фила.

Членот на Главниот одбор на СПС, историчарот Предраг Марковиќ, претходно изјави дека партијата не треба да дозволи да го изгуби идентитетот со приклучувањето кон така нареченото Народно движење за државата.

Марковиќ изјави дека СПС е најстарата партија во Србија и дека не може да биде дел од, како што рече, „ничија чорба“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на почетокот на март најави дека на Видовден ќе започне со формирање на Народното движење за државата.

– Народното движење го замислив како нешто пошироко од сите партии, во кое ќе се соберат одговорни и сериозни луѓе кои знаат колку е важно Србија да биде на патот кон Европската унија, но да не ги урнува сојузништвата со пријателите на истокот, изјави Вучиќ.

Тој вчера соопшти дека формирањето на движењето е одложено за септември, а на Видовден не е донесен ни Прогласот на движењето, како што беше најавено.

Tags: ВучиќСПСФила
Next Post

Започна 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура во Охрид

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk