ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Непријатна миризба на запалена пластика ги вознемирува тетовци

June 29, 2023 10:27
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку денови во вечерните часови во Тетово се чувствува непријатна миризба на запалена пластика, алармираат граѓаните кои се обратија до редакцијата на МИА. Стравуваат од последици по здравјето.

-Јас живеам кај стадионот и секоја вечер се чувствува мирис на запалена пластика. Според мое искуство тоа е поради горење и топење на гранулатите од нафта со кои се создава пластиката и затоа се шири таа непријатна миризба. Сметам дека тоа се прави поради индустриски цели, бидејќи се случува редовно веќе неколку дена. Од друга страна тоа е опасно, затоа што топењето на пластика е канцерогено, вели Миќо Стојчевски, жител на Тетово.

На социјалните мрежи исто така граѓани споделуваат свои искуства.

-Да ве прашам до каде „труе“ на изгорена пластика во Тетово. Во мое маало не се дише. Повторно почнаа да горат кај што ќе им текне. Нема смисла, стварно не се дише, штипе очи. Трчам да затворам врати и прозорци, вели жена која живее во областа позната како Тетовчанка.

Од Територијалната противпожарна единица Тетово велат дека во вторникот околу 15 часот и 20 минути во текот на оваа недела ја имале единствената интервенција на пожар каде гореле пластични материјали.

-Интервенираме на потегот од Тетово кон Требош на една локација. Таму во минатото неколку пати сме интервенирале на запалена пластика, случаите сме ги пријавувале и во инспекција, информира Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

Специјалистот по здравствена екологија и хигиена д-р Ратко Давидовски од тетовскиот Центар за јавно здравје вели дека и до нивната установа граѓаните побарале одговор.

-Непријатна миризба има да, самиот сум се уверил, но немаме информации и начин да ги утврдиме причините. Не е континуирано, претставува краток бран, односно облак од мирис кој трае неколку часа и исчезнува. Ноќеска врнежите од дожд го спречија ширењето. Мора да се преземат мерки бидејќи самата непријатна миризба е загрозување на социјалната благосостојба, тоа основен постулат на Светска здравствена организација. Секој граѓанин така е вознемирен, вели д-р Давидовски.

Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух за Тетово не покажува зголемено присуство на штетните ПМ10, ПМ 2,5 или други материи.

Tags: запалена пластикаТетово
Next Post
Photo: WFP/Marie Vennize

ОН: Во Нигерија гладуваат околу 4,3 милиони луѓе

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk