Еден од основачите на Центарот за македонски јазик во Грција, Јоргос Пападакис, на својот Фејсбук профил објави фотографии од настан, од како што вели „Центарот за македонски јазик за прв пат во Антирасистички фестивал у Солун“
Македонскиот јазик во март оваа година доби потврда во Грција, откако судот во Лерин одлучи дека Центарот за македонски јазик во овој град е законски регистрирана невладина организација. Основниот суд во Лерин ги одбил сите тужби за укинување на овој центар, кој официјално беше регистриран во ноември лани. Тужбите за поништување на првичната одлука за одобрување на неговата регистрација беа поднесени од неколку ултранационалистички грчки движења и мали партии.
Ова е прва официјална потврда за постоењето на македонскиот јазик во Грција, откако лани барањето за регистрација на Центарот за македонски јазик како невладина организација беше одобрено од грчкиот суд, со што Центарот стана првата организација која директно се грижи за македонскиот јазик и што е регистрирана и призната од грчките државни органи.
Ј. Ѓ.
Поврзано: