ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ховениер: САД се загрижени поради некооперативноста на косовската Влада

June 30, 2023 11:18
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер изјави дека Вашингтон е многу загрижен поради фактот дека косовската Влада не презема конкретни чекори за деескалација на состојбите на северот на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за телевизијата Клан Косово, Ховениер рече дека косовскиот премиер Албин Курти треба да започне со спроведување на планот од три точки, предложен од Европската унија, за излез од напнатата ситуација во косовскиот север, населен со мнозинско српско население.

– Пријателите на Косово, земјите и институциите кои одиграле најголема улога во поддршката на Косово на неговиот пат, сите тие бараат од Косово, од оваа Влада, да преземе одредени дејствија и да го спроведе планот од три точки на ЕУ, рече Ховениер.

Брисел со споменатиот план бара од Приштина смирување на тензиите на север, одржување нови градоначалнички избори во четирите општини со мнозинско српско население и враќање на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, со посредство на ЕУ.

Американскиот амбасадор изјави дека е зачудувачки тоа што нема позитивен одговор од косовската Влада на барањата на меѓународната заедница.

– Зачудени сме. Тешко ни е да сфатиме зошто ова барање не добива позитивен одговор, а и не се чини дека ќе добие, рече Ховениер.

Тој не ја исклучи можноста од нови последици по Косово, откако неговата војска беше исклучена од воената вежба „Бранител Европа 2023“, доколку Владата на Курти не одговори на барањата на меѓунаордните партнери.

– Јасно е дека ќе има некои други последици доколку се продолжи по овој пат, односно Владата на Косово не одговори на барањата на сите негови пријатели, на сите држави кои во минатите две децении покажаа посветеност за да го видат Косово како го зазема своето место во Европа и во евроатлантските структури, рече Ховениер.

Тој ги отфрли критиките дека САД се покажуваат построги кон Косово одошто кон Србија, нагласувајќи дека и од Србија се бара да го спроведе планот на ЕУ за смирување на состојбите во северно Косово.

Наспроти несогласувањата, рече американскиот амбасадор, САД го сметаат премиерот Курти за свој сојузник, но очекуваат од него конкретно дејствување за средување на состојбите.

Курти треба да работи во правец на смирување на тензиите и на организирањето нови избори во четирите северни општини – Северна Митровица, Звечане, Зубин Поток и Лепосавиќ, рече Ховениер во интервјуто за Клан Косово.

Tags: КосовоСАДХовениер
Next Post

Умерен земјотрес во близина на грчкиот остров Аморгос

НАЈНОВО

Во Албанија учениците од четврто одделение ќе ги изучуваат основите на вештачката интелигенција

August 28, 2025

Ослободителната пресуда за Блатер и Платини стана конечна

August 28, 2025
Бујар Османи

Османи: Обвинителството и Антикорупциска немаат најдено ниту една забелешка околу организирањето на Самитот на ОБСЕ

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk