ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мицкоски очекувал 45 до 50 градоначалници, СДСМ најмногу шест 

October 16, 2025 20:08
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски останува на прогнозата дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на локалните избори ќе освојат од 45 до 50 градоначалници, а опозициската СДСМ најмногу шест.

Мицкоски вечерва во „Само интервју“ на ТВ Канал 5 рече дека очекува убедливо најголем резултат на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори,  меѓу 350 000 и 360 000 гласови на советничките листи.

– Не е тајна дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на сите анкети има предност во однос на СДСМ. Во кампањата се нивелираат десетина проценти од вкупниот процент на гласови кои се распределуваат обично пропорционално како што се распределени другите 90 проценти. Нема некои големи отстапувања и на овие избори би се задржал на прогнозите од пред кампањата. Чувствувам дека довербата на граѓаните е таа која ја имаме и дека бројките ќе бидат тие што ги кажав. Тоа е очекувана варијанта, но има и оптимистичка варијанта, која дел од моите соработници ме убедуваат дека ќе се случи дека ќе има е над 50 градоначалници, но јас би се задржал до мојата конзервативна проценка помеѓу 45 и 50, рече Мицкоски.

Дополни дека останува на прогнозата дека СДСМ ќе освои до шест градоначалници.

Мицкоски рече дека не гледа ништо невообичаено во средбата на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков со поранешниот претседател на државата и лидер на СДСМ Бранко Црвенковски.

– Тоа предизвика вознемирување во редовите на СДСМ и актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче кој во време на Владата на ВМРО кога јас бев советнк на тогашниот премиер тој беше советник на тогашниот министер за здравство.  Нема да навглегувам во таков тип на дискусија  бидејќи не ги знам ниту причините ниту мотивите, но со истиот тон и на истиот начин се интерпретираше и средбата на Ралев со Орце Ѓорѓиевски, идниот градоначалник на Скопје, кога Ралев кој важеше за еден од потенцијалните кандидати на СДСМ испи кафе со Ѓорѓиевски и даде поддршка, рече Мицкоски.

Тој оцени дека во структурата на СДСМ се случува одредена дисторзија.

– Не мислам дека темата била изборите, нема да ги коментирам изборите, туку фактички работи, а факт е дека  денес кога ќе ги погледнете собирите што ги организира ова раководство на СДСМ, тие немаат поддршка ниту од сопствените пратеници, ретко кога некој пратеник дал поддршка на митинзите, очигледно дека нешто се случува таму, дека има одредена дисторзија во структурата на СДСМ, рече Мицкоски.

Оцени дека Левица се уште нема капацитет да го заземе местото на СДСМ и оти нивниот максимален капацитет што може да го мобилизираат е меѓу 50 000 и 70 000 гласа. СДСМ според нашите бројки би требало да биде под 150 000 гласа, наведе Мицкоски.

Тој истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ за овие локални избори е со јасно дефинирани цели и проекти, додека опозициската СДСМ уште од првиот ден води црна кампања.

– Таа понуда која што ја презентиравме на овие избори е со јасно дефинирани цели со проекти со термини, вредности итн. Од другата страна имавме исклучиво негативна и црна кампања, ad hominem напади, ниски страсти итн. Јас ниту во еден момент не навредив во оваа кампања никого, а за себе читав би било штосно во оваа кампања да ме најдат на парчиња спакуван во оној куфер што го најдоа во близината на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, за којшто постоеше основано сомневање бидејќи имаше пријава за подметната бомба. Тоа е од новинар кој што важи близок до СДСМ, кое што ова раководство и одредени веб портали блиски до СДСМ го цитираат и го објавуваат. Вие да кажете дека не ме мразите туку ме презирате, што би требало да е ниво над мразење, навистина чудна некоја реторика, не личи на човек кој што е редовен професор, посочи Мицкоски.

Next Post
Фото: МИА

Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk