ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска Стојчевска: Обезбедивме 40 милиони денари за капитални проекти за единиците на локалните самоуправи

July 3, 2023 15:34
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Културата игра клучна улога во формирањето на идентитетот на едно општество и во збогатувањето на животот на секој поединец. Таа нè поврзува, нè инспирира и нè облагородува. Со капиталните дотации отвораме перспективи за развојот на културата која зближува и покрај својата разноликост, а во тоа е и нејзината уникатност“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот состанок во Владата за капиталните дотации од областа на културата.

На состанокот на кој присуствуваа и дел од градоначалниците на единиците на локалната самоуправа беа споделени информации за одобрените проекти за поддршка на локалните заедници. Притоа Костадиновска-Стојчевска ја истакна важноста на заложбите меѓу државната и централната власт во остварување на заедничките цели.

„Планирањето, обезбедувањето и реализацијата на финансиските средства за капитални дотации во областа на културата за единиците на локалната самоуправа, Министерството за култура ги спроведува во согласност со програмските и стратегиските определби на Владата во насока на поттикнување и спроведување рамномерен регионален културен развој. Истовремено инвестирањето во културната инфраструктура на локално ниво е инвестиција во иднината на нашата земја и на нашите граѓани“, рече министерката за култура.

Според Костадиновска-Стојчевска, капиталните инвестиции им овозможуваат на единиците на локалната самоуправа да реализираат многубројни проекти кои ќе ја збогатат нивната културната понуда. Со нив се предвидува изработка на проектно-техничка документација за изградба на објекти, реконструкција, ревитализација и санација на центри за култура, музејско-изложбени простори, адаптации на простори за културни и за други манифестации, осмислување летни сцени.

Костадиновска-Стојчевска информираше дека по објавениот Оглас за распределба на капиталните дотации во областа на културата, посебно формирана комисија ги разгледа пристигнатите проекти и врз основа на критериумите, процедурите и роковите, од вкупно 13 пристигнати проекти од 11 општини, средства беа доделени за 9 проекти, за чија реализација се распределени околу 40 милиони денари (39.964.237,00 денари).

„Така, Маврово и Ростуше во с. Тресонче и Општина Кривогаштани ќе добијат мултифункционални културни центри, Културниот центар во Валандово ќе се санира, а со тоа се обезбедуваат современи услови за работа, инвестираме и во сценската инфраструктура на Крушево како важен културен, историски и туристички центар, како и во живописното Кратово, град кој е сѐ поатрактивна туристичка и културна дестинација. Започнуваме проекти за реконструкција и адаптација на зградата на Центар за култура Крива Паланка, како и за почеток на изградба на дом на култура во Општина Чашка. Продолжуваме со реконструкција на Спомен-домот „АСНОМ“ во Делчево, како и со изградбата на Домот на културата во с. Куклиш, Струмица“, рече министерката за култура.

Истовремено, министерката за култура изрази задоволство што се поддржани локални проекти и иницијативи кои го негуваат културното наследство, го поттикнуваат современото творештво и даваат можност граѓаните да се вклучат и да уживаат во културните активности. Со овие дотации, додаде таа, ќе се создадат нови можности за уметниците и за културните организации, за развој на туризмот, стимулирање на локалниот економски раст и отворање нови работни места.

Присутните градоначалници од општините кои добија капитални дотации во Програмата за оваа година, се заблагодарија на Министерството за култура и на Владата на РС Македонија кои, како што рекоа го препознаа квалитетот на понудените проекти, и ја истакнаа важноста од потребата за рамноправен развој и инвестирање во сите општини како и во најмалите рурални средини.

На крајот Костадиновска-Стојчевска честитајќи им на добитниците на капитални дотации, изрази благодарност до градоначалниците и до сите инволвирани за посветената работа во областа на културата и за заложбите за културен развој на единиците на локалната самоуправа.

„Уверена сум дека овие капитални дотации ќе бидат инспирација да продолжиме да работиме заедно, градејќи подобра иднина за сите нас, затоа што само со работа и посветеност, можеме да изградиме подобри и попросперитетни локални заедници“, рече Костадиновска-Стојчевска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: капитални проектиКостадиновска Стојчевскакултуралокална самоуправа

НАЈНОВО

Барометар на корупција на Транспаренси Интернешнл – Македонија – „Бистро-Матно“ за мај 2025

June 2, 2025

Државниот завод за статистика со свечена академија ќе одбележи 80 години постоење

June 2, 2025

Најавени предлози за измени на Изборниот законик и воведување една изборна единица

June 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Драган Казак Петрушев ги заклучил децата во Пулс, а ВМРО-ДПМНЕ го штити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела, Чаир и медиумскиот смут во улога на заштитник на политичко – урбаниот криминал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk