ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба Лога-Габер: Наша заложба е да станеме дел од Европската мрежа на правосудните институции

July 3, 2023 18:31
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Министерот за правда, Кренар Лога ја посети Академијата за судии и јавни обвинители каде беше запознат со начинот на функционирање и активностите  на институцијата како и новиот Закон за Академија на судии и јавни обвинители.

Како што соопшти Минстерството за правда, на средбата со директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска се разговараше за можноста да станеме дел од Европската мрежа на правосудните институции, за што министерот Лога се обврза дека ќе се подготви информација која ќе се достави до Владата.

Еден од проблемите со кои се соочува Академијата, се посочува, е немањето на соодветни просторни и технички услови за нормално функционирање.

Министерот за правда Кренар Лога ја информираше Габер-Дамјановска дека со цел да се отстранат сите сомнежи околу полагањето на правосудниот испит и испитите за нотари, извршители и судски преведувачи добро би било во иднина тие да се полагаат во Академијата за судии и јавни обвинители а не во Министерството за правда.

Констатирано е, и, се додава понатаму, дека со новиот закон се овозможува стекнување на унифицирано уверение за завршена почетна обука за судија и јавен обвинител.

-Измените предвидуваат воедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за судии и јавни обвинители, како и редефинирање на начин на полагање на приемниот и завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите. Исто така, слушателите во почетна обука, во периодот од донесување на Законот за АСЈО од 2015 година до денес, се соочуваа со проблем кој се однесуваше на пресметката во однос на основната компонента на платата на судските и јавнообвинителските службеници, бидејќи со Законот за судска служба од 2015 година е направен прeвид, не е предвиден бод за звањето „виш судски соработник“, а истото не се предвидува ниту во неговите измени од 2022 година, со што директно беа оштетени и слушателите на почетна обука во Академијата, бидејќи нивната плата беше пресметувана согласно бодовите за звањето „судски советник“. Во таа смисла, со измените во новиот Закон за Академија, се надмина и овој проблем, така што сега, платите на слушателите во почетна обука се изедначени со платите на виш судски/ јавнообвинителски советник во основен суд/ основно јавно обвинителство, се посочува во соопштението.

Академијата, од основањето до денес, континуирано покажува резултати во работењето и до сега продуцира осум генерации на 188 успешно завршени кандидати за судии и јавни обвинители, од кои 148 извршуваат функција судија и јавен обвинител, а 40 кандидати за судии/јавни обвинители чекаат избор за да стапат на функција, додека во тек е практичната настава на 97 слушатели и примениот испит за 130 кандидати за слушатели за новата генерација во почетна обука, стои во соопштението.

Tags: ГаберЛогаправосудни институции
Next Post
Фото: МИА архива

Лајен: Невозможно е да се замисли ЕУ без Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

August 17, 2025

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

August 17, 2025

Пожарот во „Јасен“, сè уште не е скротен, активни се и пожарите кај Лојане и Табановце

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk