Вкупно 764 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акциска контрола на МВР спроведена на територија на цела држава.
Како што соопшти МВР, од нив 29 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 402 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 362 надвор од населено место.
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението од МВР.