Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во село Отља, Липковско, ги привеле О.О.(19) и О.М.(21) од Сингелиќ, осомничени за фалсификување пари, соопшти МВР.
При контрола кај нив биле пронајдени 450 фалсификувани евра. Полицијата вели дека двете лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.