ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Стратешкото партнерство со САД значајно за брзи реформи и напредокот во процесот на преговори со ЕУ

July 5, 2023 14:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Н.Е. Ангела Агелер, на која дискутираа за билатералните односи, процесот на евроинтеграции, регионалната соработка, како и за актуелните политички случувања во регионот.

Вицепремиерот Маричиќ кратко ја брифираше амбасадорката Агелер за текот на скрининг процесот, за изработката на Патоказите и кои се неговите очекувања во пресрет на добивањето на скрининг Извештаите. Во таа насока укажа на следните чекори кои треба да се преземат за брз напредок во процесот, потенцирајќи дека значајна ќе биде поддршка на САД за европската иднина на Северна Македонија.

– Американската политичка и развојна поддршка и помош насочена кон зајакнување на демократијата, судските реформи, македонската економија и енергетскиот сектор во голема мера помага и придонесува што поскоро да ги достигнеме стандардите на ЕУ, рече Маричиќ.

Амбасадорката Агелер изрази уверување дека САД и Северна Македонија имаат високо ниво на меѓусебни односи и дека во иднина ќе продолжат да работат на зајакнување на стратешкото партнерство, со фокус на исполнување на надворешнополитичкиот приоритет на Северна Македонија и на создавање услови за ново приближување кон ЕУ, до крајот на годината.

Маричиќ на средбата, која ја реализира во пресрет на неговата официјална посета на Вашингтон, ја информираше амбасадорката на САД и за активностите и плановите на Владата за исполнување на реформските приоритети, како дел од европска агенда, пред сè во областите на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Од страна на Маричиќ беше посочено дека е важно за европската перспектива на Северна Македонија да продолжи континуираната поддршка од страна на САД во спроведувањето на сеопфатните реформи, кои досега како што кажа тој „во добар дел придонесоа да се постигнат значајни резултати во повеќе области”, кои се заеднички придонес на двете земји во забрзувањето на процесот за членство во ЕУ.

Tags: АгелерМаричиќСАД
Next Post

Богоев: Царината ги зајакнува институционалните капацитети за финансиски истраги, посветени сме на ЕУ интегративниот процес

НАЈНОВО

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката

October 24, 2025
Скриншот

Такаичи: Јапонија не се откажува од мировниот договор со Русија

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk