Твитер профилот @Darth PutinKGB ја коментира немојќта на Путин да го приведе Пригожин, компензирајќи ја со демонстрирање на сила врз цивилното население во Украина.
@Darth PutinKGB: „Ден 498 од мојата тридневна војна, Бидејќи изгледам како слабич додека Пригожин се шета слободен во Санкт Петербург, решив да изгледам силно со бомбардирање на станбен блок во Лвив“.
Day 498 of my 3 day war. Cos I look weak that Prigozhin is alive & well in Saint Petersburg, I decided to look strong by bombing an apartment block in Lviv.
I remain a master strategist.
— Darth Putin (@DarthPutinKGB) July 6, 2023
Бројот на загинатите во вчерашниот руски ракетен напад врз Лвив порасна на пет, извести шефот на регионалната воена управа на Лвив, Максим Козицки.
„Телото на една жена е извлечено од под урнатините. Искрено сочувство до роднините“, напиша шефот на регионот. Тој истакна дека спасувачите продолжуваат да работат на местото на трагедијата. Како што пренесува Укринформ, Русите извршиле ракетен напад на Лвив во текот на ноќта, чија цел биле критични инфраструктурни објект и станбена зграда. Како резултат на нападот, уништени се третиот и четвртиот кат од четирикатна станбена зграда. Седум лица се спасени, 37 лица се повредени, а 64 лица се евакуирани, известува Укринформ.
Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин се врати во Русија, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко, и покрај мировниот договор со Кремљ според кој Пригожин се согласи да се пресели во Белорусија.
„Што се однесува до Пригожин, тој е во Санкт Петербург. Тој не е на територијата на Белорусија. Каде е Пригожин утрово? Можеби тој замина за Москва“, изјави Лукашенко, пренесува Гардијан.
Ј. Ѓ.