Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во гостувањето на „Канал 5“ телевизија изјави дека „прашањето за „огнена група“ е затворено“.
– ДУИ имаше процес на пререгистрирање на членството, имаме масовно регистрирање, запишување на членството. Тие што се запишале тие се членови на ДУИ, кој не се запишал може да зборува за ДУИ од страна, од надвор, истакна Османи.
Тој оцени дека ДУИ со својата конструктивност е како стабилизатор во општеството.
„Ова е нова генерација на луѓе кои знаат како да работат и даваат впечаток дека ДУИ е секаде, дека ДУИ доминира, а бројчано колку што имавме во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, толку имаме и во оваа Влада. Прашање за голема моќ на ДУИ е само прашање на впечаток, додаде тој.