ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

По насилните немири, Франција забрани продажба на пиротехнички средства за Денот на Бастилја

July 9, 2023 12:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Употребени пиротехнички средства за време на протестите во Нантер, западно од Париз, на 28 јуни 2023 година. (Photo: AFP)

Употребени пиротехнички средства за време на протестите во Нантер, западно од Париз, на 28 јуни 2023 година. (Photo: AFP)

Франција забрани продажба, поседување и транспорт на пиротехнички средства за време на националниот празник на 14 јули – Денот на Бастилја, по немирите предизвикани од смртта на тинејџерот кој беше застрелан од полицаец, соопшти Владата во Париз.

Пиротехниката беше користена како оружје за време на немирите што избувнаа во Франција откако полицаец застрела и уби 17-годишно момче за време на сообраќајна контрола во близина на Париз на 27 јуни, што повторно ги разгоре долгогодишните фрустрации и обвинувањата за системски расизам во француските безбедносни сили, пишува Франс 24.

Со цел да се спречи ризикот од сериозно нарушување на јавниот ред за време на прославата на 14 јули, продажбата, поседувањето, транспортот и употребата на пиротехнички средства се забранети до 15 јули, се наведува во владиниот декрет објавен во службениот весник Le Journal du Dimanche, додавајќи дека „забраната не се однесува на професионалци или општини кои организираат традиционален огномет за одбележувањето на Денот на Бастилја“.

Загрижена поради евентуални нови немири, премиерката Елизабет Борне изјави денеска за весникот Le Parisien дека Владата ќе распореди „огромни ресурси за да ги заштити Французите“ за време на националниот празник.

Огнометот е вообичаен за време на прославата на Денот на Бастилја. За време на протестите во земјата често се користат и пиротехнички средства.

Полициското убиство на алжирскиот тинејџер Нахел М. во париското предградие Нантер го предизвика најголемото урбано насилство во земјата од 2005 година.

Повеќе од 3.700 луѓе се приведени во полиција во врска со протестите по смртта на Нахел, меѓу кои најмалку 1.160 малолетници, според официјалните податоци.

Г. Т.

Tags: Денот на БастилјазабранапиротехникаФранција
Next Post

(ВИДЕО) Елтон Џон го одржа својот последен концерт: Педесет години чисто уживање во музиката

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk