ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Постигнат договор со синдикатите за постојано и системско решение за раст на платите, во септември 10% покачување

July 10, 2023 17:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Работната група по интензивни средби и разговори денеска во Министерството за финансии го дефинираше моделот за раст на платите на вработените во јавната администрација.

Постигнато е системско и одржливо решение за пораст на платите за вработените во јавниот сектор. Предлогот, кој заеднички го утврдивме, со претставници на синдикатите, ќе биде доставен до Економско-социјалниот совет, кој на седница, која ќе се одржи наредните денови, треба да се потврди. Тоа претставува системско решение кое обезбедува раст на платите на сите вработени во јавниот сектор од 10% почнувајќи со платата за септември 2023 година, истакна министерот Фатмир Бесими, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска беа дел од работната група.

Како што додаде Бесими, решението ги штити интересите на работниците, стандардот, но и истовремено ја следи продуктивноста на домашната економија.

Најзначајно е дека станува збор за решение постигнато преку дијалог, во кој градиме меѓусебна доверба, решение кое воспоставува систем на долг рок и гарантира раст на платите на сите вработените во јавниот сектор и заштита на стандардот на граѓаните, потенцира министерот Бесими.

Покрај 10% раст на платите од септември, во разговорите постигнато е и воведување нова методологија на плати со коефициент според просечната бруто плата од март 2025 година. Исто така, е договорено регресот за годишен одмор да се исплати во износ од 10.000 денари нето за 2023 година, а од 2024 година па понатаму договорено е во општиот колективен договор тој да изнесува најмалку 30% од просечната нето-плата.

Со цел имплементација на договореното во септември ќе се пристапи кон ребаланс на Буџетот.

Дијалогот за раст на платите се води во рамки на Економско-социјалниот совет, каде во изминатиот период на дневен ред беше потпишувањето Општ колективен договор за сите вработени во јавниот сектор, со цел да се воспостави системско решение кое ќе важи за сите подеднакво.

Tags: 10 отстоБесимијавна администрацијаплатиРастСиндикат
Next Post

ЕУ: Сребреница е една од најтемните страници на европската историја

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk