Во Јужна Африка падна снег првпат од 2012 година, а метеоролозите предупредуваат дека ќе продолжи екстремно студеното време.
Снег од вчера паѓа во провинциите Гаутенг, Мпумаланга, Истерн Кејп и Фри Стејт.
Во Јоханесбург денеска е забележана температура од еден степен Целзиусов.
– Овие екстремно студени временски услови ќе ги имаме до крајот на неделата, изјави метеорологот Пуселецо Мофокенг.