ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Бројот на населението во ЕУ се зголеми во 2022 година по две години намалување

July 11, 2023 14:33
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 По намалувањето на бројот на населението во 2020 и 2021 година, Европската унија регистрира зголемување на бројот на нејзините жители оваа година. На 1 јануари 2023 година, бројот на населението на ЕУ изнесуваше 448,4 милиони, споредено со 446,7 милиони на почетокот на 2022 година, покажуваат најновите податоци на Европската агенција за статистика Еуростат, објавени денеска, по повод Светскиот ден на населението.

Негативната природна промена на населението (повеќе смртни случаи отколку раѓања) се компензира со позитивна нето миграција. Набљудуваното зголемување на населението во голема мера може да се припише на зголемените миграциски текови по пандемијата на Ковид-19, како и на раселените Украинци на кои им беше доделен статус на привремена заштита во земјите на ЕУ како резултат на руската инвазија на Украина, објаснуваат експертите.

Разгледувајќи подолг период, населението на ЕУ порасна од 354,5 милиони во 1960 година на 448,4 милиони во 2023 година. Ова претставува зголемување од 93,9 милиони луѓе.

Меѓутоа, во последните децении, стапката на раст на населението постепено се забавува. Додека жителите на ЕУ се зголемуваа во просек за околу 0,8 милиони луѓе годишно во периодот 2005-2022 година, во 60-тите години на минатиот век нивниот просечен раст беше околу 3 милиони луѓе.

Иако населението на ЕУ накратко се намали во 2020 година за околу половина милион луѓе и во 2021 година за речиси 0,3 милиони луѓе, тоа почна да го обновува својот раст по пандемијата.

На почетокот на  годинава, меѓу членките на ЕУ, Германија имала најмногу население (84,4 милиони луѓе), а Малта најмалку (0,5 милиони луѓе).

Германија, Франција и Италија заедно сочинуваат речиси половина (47 проценти) од вкупното население на ЕУ.

Додека вкупното население на ЕУ се зголеми во 2022 година, само седум земји пријавија намалување на нивното население, при што најзначајно намалување на жители има Италија (-179.419 луѓе), а најмало намалување има во Словачка (-5.920 луѓе). Зголемување на бројот на населението е регистрирано во секоја од другите земји-членки на ЕУ, па така најголемо зголемување имало во Германија (1.121.721), а најмало во Летонија (7.251).

Tags: ЕУзголеминаселението
Next Post
Зграда во изградба. Фото: Фронтлајн

Во мај годинава издадени 317 одобренија за градење

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk