Изложбата „Супстрати“, заеднички проект на тројца уметници од Србија, Албанија и Северна Македонија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, ќе биде отворена утре во Културниот центар на Србија во Париз и ќе трае до 12 август соопшти Министерство за култура на Србија.
На свеченото отворање на изложбата на кустосот Клаудија Пеколд, основач на „Curating Evolution“, пред присутните ќе се обратат министерката за култура Маја Гојковиќ, како и министрите за култура на Северна Македонија и Албанија, Бисера Костадиновска Стојчевска и Елва Маргарити, се вели во соопштението.
„Изложбата ги проучува аспектите на културното и природното наследство на трите земји и укажува на заеднички сегменти (супстрати), кои го претставуваат регионот на „Отворен Балкан“. Изложбата опфаќа нови дела на Нина Жељковиќ од Република Србија, Кристина Пулејкова од Северна Македонија и Дриант Зенели од Албанија“, соопшти Министерството.