ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

До 2,5 милијарди евра може да биде штетата за Македонија од оспоруваните рударски концесии

July 13, 2023 13:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

До 1,5 милијарди евра изнесува потенцијалната отштета што државата ќе ја плати доколку загуби во споровите во меѓународна арбитража, вклучувајќи ги и затезните камати. Најголемиот дел од споровите против Македонија во странските судови се водат поради неиспочитувани обврски кон компании од рударскиот сектор, односно концесии за Казандол, „Саса“ и „Злетово и Тораница“.

Најнова во оваа алармантна низа од меѓународни арбитражни постапки е најавата од Еуромакс ресоурсес за Иловица-Штука. Па доколку и оваа компанија инвеститор ја оствари најавата за покренување меѓународна арбитража, на државата ѝ се заканува обврска да исплати сума од над 2,5 милијарди евра за отштети кон приватни компании. Оваа сума е безмалку половина од актуелниот годишен буџет, кој изнесува 5,3 милијарди евра.

Голем дел од тужбите кон државата се поради непочитување на обврски од концесии во рударскиот и преработувачкиот сектор. Меѓу нив, е постапката покрената од инвеститорите во одземената концесија за експлоатација на минерална суровина бакар, злато и сребро на локацијата Казандол во општина Валандово. Концесијата за експлоатација на минерални суровини ѝ беше доделена на компанијата Сардич МЦ. Но, Владата го раскина Договорот со Сардич кога рудникот Казандол беше при крај со изградбата. Компанијата најави дека ќе бара отштета од 380 милиони евра.

Арбитражна постапка покрена и словенечкиот бизнисмен со македонско потекло, Блажо Тасев, за нефер третман во постапката за продажба на рудникот за олово и цинк ‘Саса’ од Македонска Каменица во 2004 година. Откако го загубил спорот пред судовите во Македонија, тој покрена инвестициска арбитража, а за отштета бара 492 милиони евра.

Арбитражна постапка беше покрената и од индиските државјани Гокул Бинани и Маду Бинани, сопственици на компанијата „Индоминерали“, за поведена стечајна постапка и одземена концесија на рудниците за олово и цинк „Злетово и Тораница“, во 2015 година. Властите брифираат дека во овој случај се уверени во позитивен исход во корист на нашата држава.

Потенцијална меѓународна арбитражна постапка би можеле да покренат и инвеститорите на проектот за изградба на рудник за бакар во Иловица. Компанијата инвеститор „Еуромакс ресоурсес“ истакна дека, доколку правдата не биде задоволена кај нас, и тие ќе покренат спор во меѓународна арбитража.

„Компанијата Еуромакс рисорсис останува доследна на принципот дека ќе ги исцрпи сите домашни правни механизми за да ја реализира инвестицијата со добра волја и чесни намери. Сепак, доколку увидиме дека по прашањето на нашата ивестиција повторно се напаѓа владеењето на правото како уставна загарантирана темелна вредност, тогаш ќе бидеме принудени да покренеме соодветна постапка пред Меѓународната арбитража во Вашингтон, САД. Првичните проценки се дека вкупните штети кои потенцијално ќе се наплатат од Буџетот на Северна Македонија изнесуваат повеќе од 1 милијарда евра, без пресметани камати“, соопштија неодамна од компанијата.

Според пресметките, доколку тековните и потенцијалните арбитражни спорови бидат во полза на компаниите, секој граѓанин во државава би бил задолжен за дополнителни 2.000 евра.

Д. Е.

Next Post

Отворен Центар за справување и третман на дебелината

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk