ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Отворен Центар за справување и третман на дебелината

July 13, 2023 13:51
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ја посети Универзитетската Клиниката за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот по повод отворањето на Центар за справување и третман на обезност, односно дебелина.

-Обезноста е сериозен светски здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас. Потребно е да постои еден ваков интегриран центар во кој ќе се упатуваат овие пациенти за третман. Токму поради тоа и ние во нашата земја ќе имаме референтен центар за дијагностицирање и третирање на дебелината, посочи министерот Меџити при посетата на клиниката.

На Клиниката, како што рече, има едуцирани ендокринолози кои секојдневно ќе работат со оваа проблематика.

– Едукација за здрави хигиено-диететски навики е потрребна од најрана возраст, во градинките, основните и средните училишта. Многу е важно да се отстрани стигмата за овие лица за да можта и самите тие да ја прифатат болеста и успешно да се справуваат со сите предизвици кои ги носи третманот, нагласи министерот за здравство. Тој изрази благодарност до фармацевтската компанија „Ново Нордиск“ за оваа значајна поддршка.

Директорот на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот Арѓент Муча нагласи дека овој Центар е особено значаен за пациентите, за лицата кои живеат со овој проблем кој, како што рече, од ден на ден се повеќе расте. Информира дека во Центарот ќе работи и дипломиран нутриционист кој ќе им помага на пацитетите во однос на едукација и совети за физичка активност.

Муча соопшти дека во Центарот ќе се третираат пациентите, ќе се прави скрининг и за други коморбидитети и ризик фактори, ќе се обезбеди соодветен фармаколошки третман кај овие пациенти ако тоа биде потребно.

Претседателот на Здружението за обезност (здебеленост) Ирфан Ахмети изјави дека ова е втор центар за менаџирање на дебелината, кој ќе биде регистриран и во Европската асоцијација за дебелина, каде се носат значајни препораки, одлуки за тоа како понатаму ќе се одвива стратегијата во менаџирање на обезноста.

-Обезноста зазема пандемиски размери во цел свест. И кај нас дебелината е во голем обем. Загрижувачки е дека обезноста исто така расте и кај млади, адолесценти…, рече Ахмети.Тој информира дека по отворањето на првиот центар од ваков тип и по прегледани околу 400 пациенти, просекот на возраст на обезни (здебелени) лица од категорија од трета класа на обезност е 40 години. Нагласи дека обезноста е посебен проблем поради тоа што е причинител за многу заболувања, како ендокрини, така и кардиоваскуларни, како и од психолошки аспект.

Ахмети потенцира дека е многу важно на време да се третираат ваквите пациенти и со добра здравствена политика, како што рече, да инвестираме во третманот на обезноста со цел да спречиме вакви компликации. Нагласи дека ќе се направи и регистар за лицата со обезност, кои понатаму ќе се следат.

Tags: здравствоМучаОбезностЦентар за справување и третман на дебелината
Next Post
Фото: Генералштаб на Украина

Украинските сили погодија касарна на Кадировци во Мариупол, ранетите тајно однесени кон Донецк, бранителите напредуваат јужно од Бахмут

Shortcut

Најново

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk