На Грен слемот во Лондон денес на распоредот се двата полуфинални натпревара во женска конкуренција.
Во првото полуфинале закажано во 14:30 часот на централниот терен на Вимблдон ќе истрчаат Елина Свитолина од Украина и Маркета Вондрушова од Чешка.
По овој меч ќе се игра второто полуфинале, во него се пласираа Онс Жабер од Тунис и Арина Сабаленка од Белорусија.
Машките полуфиналиња ќе се играат утре. Двојките се:
Карлос Алкараз (Шпанија) – Данил Медведев (Русија)
Јаник Синер (Италија) – Новак Ѓоковиќ (Србија) .