Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на градот изрече 218 мерки, информираат од МВР.
-Од изречените 218 санкции, 35 се за возење повеќе од дозволената брзина, 17 санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, две санкции за некористење сигурносен појас и друго, соопштуваат од полицијата.
Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.