ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шаленберг: Ако не ги прифати уставните измени, С. Македонија се соочува со опасноста да биде изолирана

July 13, 2023 12:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако не ги прифати уставните измени и не продолжи да оди кон европскиот пат Северна Македонија се соочува со опасноста да биде изолирана, порача денеска од Скопје шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Бујар Османи и министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Јан Липавски и Мирослав Влаховски кои се во посета на земјава.

-Штом ќе почнат преговорите, тоа е неповратен процес. Земјата чека 18 години да дојде до овој момент. Сега вам ви останува да го искористите овој момент. Политички треба да се биде одговорен и пред се да се имаат националните интереси. Моментот е сега и ве уверуваме дека не се мешаме во внатрешните работи на земјата, порача Шаленберг.

Шаленберг нагласи дека не се случува секој ден тројца министри на три членки на ЕУ да дојдат во земја на Западен Балкан, што, како што кажа, треба да биде силна порака за вас

-Нашата порака е едноставна и силна – тоа е порака на охрабрување, нема време за губење, би сакале да продолжите со потребните уставни измени за да почнете со преговорите за членство. Да се одложи усвојувањето на амандманите значи да се одложи пристапувањето на Северна Македонија. Би било штета Скопје, откако истрча еден тежок маратон да се сопне на следната пречка. Долг пат изминавме заедно и надминаме многу тешкотиии, дециден е тој.

Порача и дека задача на сите граѓани од оваа држава е да не отидат залудно сите овие напори.

-Навистина ми е задоволство и чест да сум ваш домаќин. Вашата посета ја читам како силна принципиелна поддршка на Северна Македонија и нејзината европска перспектива, поддршка која што всушност и никогаш не отсуствувала од вашите земји, рече од своја страна Османи.

Османи кажа дека денеска повторно се наоѓаме на крстопат.

-Од една страна започнати преговори, успешно спроведен скрининг и на неколку месеци пред отворањето на кластерите и поглавјата. Но, за првпат нам ни е даден клучот – самите да ги отклучиме поглавјата и кластерите и успешно да го продолжиме процесот на преговорите, рече Османи на прес-конференцијата со тројцата министри од ЕУ.

Министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка попладне ќе одржат прес-конференција и во Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Tags: ЕУМакедонијаШаленберг
Next Post

Иран егзекутира двајца мажи осудени за убиство на полицаец

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk