ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заврши увидот во кумановскиот суд, вештачењата ќе ги покажат причините за настанување на пожарот

July 13, 2023 15:27
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Обвинителство од Скопје го работи предметот за опожарувањето на подрумските простории на кумановскиот суд. Претпладнево почна увидот кој го спроведува обвинител од Скопје како и увидна екипа од СВР Куманово заедно со кримтехника од Скопје, вешто лице електроинженер и инспектор за пожари. На увидот присуствуваа и шефицата од кумановското обвинителство како и дежурен обвинител од ОЈО Куманово.

-Сега заврши увидот, го водеше обвинителка од јавно обвинителство Скопје, за да нема судир на интереси, предметот ќе се работи таму затоа што и ние сме сместени во зградата на судот. Како што ми пренесе обвинителката од Скопје сите експерти биле на увид, првин од безбедносен аспект увидот беше направен како што треба, од кривично-правен аспект се дадени сите потребни наредби од вештите лица. Беа и хемичарите, електроинженери и вешти лица експерти за пожари. Така што сигурно откако ќе се направат вештачењата ќе се утврди точната причина за пожарот и ќе излеземе со официјално соопштение од републичкото обвинителство, изјави шефицата на кумановското обвинителство Теута Бедиу Рамадани.

Кумановското обвинителство е сместено во истата зграда со судот и државното правобранителство. Со пожарот беа зафатени само подрумските простории.

-Бидејќи со пожарот не е опфатена нашата институција, ќе побараме уште утре, доколку може да се вклучи електрична енергија, тогаш да почнеме со средување и функционирање, кажа Бедиу Рамадани.

И од кумановскиот суд потврдија дека заврши увидот. Претседателката на судот во изјава за МИА, Снежана Манев рече дека добиле насоки од обвинителството за понатамошно функционирање на судот.

-Обвинителството ни укажа дека можеме да преземаме мерки за санација од последиците од опожарувањето. Тоа вклучува поврзување на струја, поврзување на вода кои ни беа исклучено по пожарот. Ќе се санираат и стаклата на прозорците, ќе се уредува подрумскиот дел кој беше зафатен со пожарот. Увидот ќе ги покаже причините за опожарувањето. За сите овие насоки известен е судскиот совет, изјави Манев.
Влезот на судот и горните катови не се опожарени. Пожарот во подрумските простории на кумановскиот суд почна завчера о 01.305 часот. Го гасеа повеќе екипи од кумановската противпожарна единица, завчера и вчера бидејќи димеше од напластената архива.

Tags: Кумановопожарсуд
Next Post

ЦИВИЛ најостро ги осуди вандализмот и подмолните манипулации на Левица кои ја оштетија таблата на Паркот Украина во Чаир

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk